08.10.2020
Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура
Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура
Доаѓаат денови на многу дожд, намуртени облаци и топли оброци. Еко концептот на Кајак.мк ви ја препорачува ова убава и пријатна планинарска куќа на Попова Шапка. Она што нам како тим на Кајак.мк ни е најдраго е тоа што сопственичката Наташа, го кити и опколува цел објект со дрва.
Во ова куќа која можете приватно да ја резервирате има шпајз со софа, чајна маса и трпезариска маса, а во дневниот простор имате и опремена кујна. Во вилата „Пуљо“ има една спална соба на исто ниво со дневниот престој и уште една спална соба во таван каде имате извонредно пријатно шумско чуство. Целиот објект ви дава чуство како да сте дома.
Во ова вила може да се сместат максимум до 8 лица, а објектот има 5 кревети и едно купатило со тоалет.
Пред самата вила има паркинг простор кој е бесплатен. Коментарите на гостите на вилата се фокусирани на сопствениците дека се доста љубезни, комуникативни и гостопримливи. Тие може да ви помогнат без проблем да ја најдете локацијата.
Што би правеле сега таму? Наш совет е да одвоите еден ден за во посета на Церипашина. За овде можете да изнајмите локалец или планинарски туристички водич.
За вас кои не сте знаеле Церипашина е планински врв на Шар Планина на 2.525 метри. Непосредно до врвот води жичарница крај која води истоимената ски-патека на која што се одржува познатиот Шарпланински куп во скијање.
Во непосредна близина на Церипашина Планина се највисоките шарски врвови: Титов Врв, Мал Турчин и Бакардан. На источните падини на Церипашина е сместен скијачкиот и туристички центар Попова Шапка.
Викендицата „Пуљо“ можете да ја резервирате на: 070 255 227. Оценката на повеќето мрежи за ова сместувачко место варира од 4.3 до 4.5
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!
Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!
Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!
Вински дегустации, вински вечери, приватна атмосфера и уникатно доживување!

Предлог пикник дестинација: Рибничка река
Дали сте слушнале за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?

Ново на Кајак.мк: Авантуристички парк на Осоговските Планини
Adventure park нуди уникатен спој на активности на отворено, мирна планинска атмосфера и автентична македонска гастрономија.

За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк
Голф терен во Охрид. На располагање е целокупна опрема за изнајмување, како и основна обука за почетници. Патувањето со голф-карт низ зелениот терен е само еден од многуте моменти што ќе ги паметите.