11.05.2020

Нови правила за летање поставени од авиокомпаниите

Нови правила за летање поставени од авиокомпаниите

Дел од државите и авиокомпаниите соопштија некои правила со што влегувањето во авион ќе биде потешко отколку влезот во некоја воена база. Имено, чекирањето пред влез во авион најверојатно ќе трае со часови (не помалку од два – три часа), додека однесувањето внатре во авионот ќе биде сосема поинакво од она на кое сме навикнати, пишува на веб-страницата на sitel.com.mk

Покрај тоа, граѓаните кои сакаат да патуваат со авион ќе мора да имаат и тест, секако негативен, кој не е постар од 72 часа, а кога ќе слетаат ќе бидат во изолација.

Правилата, извесно е, ќе бидат усогласени на меѓународно ниво.

Додека се наближува моментот кога патничките авиони повторно ќе полетаат, јасно е дека последиците на здравствената криза ќе бидат долго присутни во авиосекторот.


Nils Nedel

Дури и кога превентивните мерки воведени среде оваа ситуација главно ќе станат минато, некои сепак ќе останат на сила, па патниците на влез во авион ќе мора да чекаат со часови, бројот и капациетот на летови ќе се намали, а со самото тоа и авионските карти ќе бидат поскапи. Покрај тоа, пред полетување ќе прават проверка на здравствената состојба, а патниците ќе мора да носат заштитни маски или шалови, велат британските авио експерти.

Воведување на социјалното дистанцирање на аеродромите физички е невозможно, предупреди извршниот директор на аеродромот „Хитроу“, Џон Холанд – Кај. Социјалното дистанцирање не функционира ниту во еден јавен превоз, ниту пак во воздушниот сообраќај, рече Холанд – Кај.

Првиот човек на најпрометниот аеродром во Европа рече дека аеродромоте мора да воведат здравствени прегледи, а патниците ќе мора да носат маски. Како што пишува британски Сан, експертите предупредуваат дека ваквите екстремни мерки би можеле да се применуваат во наредните пет години.

Некои од мерките на аеродромот:

1. Задолжително носење маски и ракавици;

2. Мерење температура пред влегување во авионот;

3. Патниците мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа;

4. Почитување на дистанца во авионите;

5. Нема служење храна и пијалоци во леталата;

6. Намалување на бројот на патници, а со тоа и поскапи карти,

7. Изолација при слетување.

Извор: sitel.com.mk


 МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Патувањата во летните месеци ќе се координираат со соседните земји


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аристократ продолжува да сади иднина – годинава во Неготино!

Тим билдинг со етно музика, традиционални игри и вкусна локална храна, ја заокруживме уште една незаборавна авантура.

Успешен тим билдинг со SEMOS CLOUD: Море, сонце и тимски победи!

Тим билдинг со SEMOS CLOUD: Tимски дух и позитивна енергија. Зарем не посакува човек да работи во една ваква компанија?

Приватни вински доживувања со Кајак.мк – летна магија во семејни винарии низ Македонија!

Вински дегустации, вински вечери, приватна атмосфера и уникатно доживување!

Предлог пикник дестинација: Рибничка река

Дали сте слушнале за Рибничка Река која важи за една од најголемите притоки на реката Радика?

Ново на Кајак.мк: Авантуристички парк на Осоговските Планини

Adventure park нуди уникатен спој на активности на отворено, мирна планинска атмосфера и автентична македонска гастрономија.

За првпат во Македонија: Прв голф терен достапен на Кајак.мк

Голф терен во Охрид. На располагање е целокупна опрема за изнајмување, како и основна обука за почетници. Патувањето со голф-карт низ зелениот терен е само еден од многуте моменти што ќе ги паметите.