30.04.2020

Главниот град на Литванија ќе се претвори во едно отворено кафуле

Главниот град на Литванија ќе се претвори во едно отворено кафуле

Во Вилниус, главниот град на Литванија, владата спроведува паметна мерка со што сака да им помогне на рестораните кои трпат огромни загуби поради коронавирусот. Тие наместо да ги затворат граѓаните дома, решиле целиот јавен простор во градот да го претворат во кафуле- под отворено небо.

ЧИТАЈ ПОДОЦНА: Италија отвара два аеродома како знак на олеснување на мерките

Според извештајот на „Гардијан“, градот сака рестораните и кафулињата што се погодени од пандемијата да се вратат во живот со тоа што им овозможија да постават маси на отворено на одредена дистанца, како би им овозможиле на луѓето повторно да уживаат во благодетите на пролетта.

Литванија има план за постепено „отварање“ на градот, со тоа што им дозволува на продавниците, фризерските салони и рестораните кои имаат опција за седење на отворено да продолжат со работа. Во земјата има околу 1.300 пријавени случаи на коронавирусот.

Сепак, жителите сè уште не смеат слободно да се движат наоколу. Постојат ограничувања за тоа колкав број на лица смее да биде во продавница, масите да бидат распоредени на околу 6 метри и да се носи маска на јавен простор.

Градоначалникот одлучи дека единствениот начин да живне економијата во целост е да им се овозможи на кафулињата и рестораните „оваа година бесплатно да постават маси на отворено“. Градот им нуди ваучери за ресторани на вработените во јавното здравство, како благодарност за нивната услуга.

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Turkish Airlines го продолжува прекинот до 28-ми мај

Улиците на Италија повторно мирисат на пица

Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето?

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ги мотивирам луѓето да купуваат македонски производи дирекно од градините

Запознајте го Филип Димкоски – агроном, новинар и основач на „Градината на Филип“, кој ги учи луѓето како да одгледуваат сопствена еколошка храна.

Агро-Екотуризам: Искуство што го поврзува човекот со природата

Искуство на агро-екотуризам во Македонија – уживајте во селскиот живот, локална храна, еко-активности и близина со природата. Одмор со смисла за семејства и индивидуалци.

Традиционалните занаети како столб на културното наследство

Откријте ја важноста на традиционалните занаети како живо културно наследство. Научете како старите техники и рачните производи ја зачувуваат историјата, создаваат автентични туристички искуства и поддржуваат локалната економија.

Таксата за онлајн дозвола за влез во Велика Британија расте

Нова такса за ETA во Велика Британија – £20 по лице. Дознај ги условите, постапката за аплицирање и важните совети за патување.

Пониква на Осогово доби нов концесионер: зголемување на зимскиот туризам во Македонија

Пониква на Осогово доби нов концесионер. Подобрување на ски-патеките, инфраструктурата и зимски активности погодни за целото семејство.

Disney парковите погодени од намален број на меѓународни посетители – притисок врз акциите на компанијата

Disney парковите се соочуваат со намален број на меѓународни туристи, што влијае врз приходите и акциите на компанијата.