30.04.2020
Италија отвара два аеродома како знак на олеснување на мерките
Италија отвара два аеродома како знак на олеснување на мерките
Аеродромите ќе бидат отворени на 4-ти мај за сите патнички летови, се вели во краткото соопштение од Министерството за транспорт.
По скоро двомесечните строги правила на карантин, Италија следната недела отвара два свои аеродроми коишто се наоѓаат во Рим и Фиренца. Отварањето ќе служи како тестирање на новиот „систем“ за скрининг од коронавирусот, велат од министерството без дополнително образложение.
ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА: Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем |
Ciampino кој е еден од аеродромите во Рим кој ќе биде отворен, е втор по големина во градот и претежно го користат „Ryanair“ и други нискобуџетни авиопревозници. Додека пак, аеродромот Перетола е втор по големина во Тоскана, по аеродромот во Пиза.
Двата аеродрома се затворени од 13 март, бидејќи повеќето авиокомпании ги прекинаа своите летови. Повеќето италијански аеродроми се затворени, но има и такви коишто работат со многу малку летови.
Италија ја започнува „ФАЗАТА 2“ по скоро двомесечна строга изолација. Новата фаза започнува од 4-ти мај кога се очекува доста луѓе да се вратат на работа.
Што знаеме до сега за Италија: Читајте овде: Кога ќе може повторно да се патува во Италија?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Произведуваме 100% природно масло од лешник и путер од лешник
Приказната на Билјана и Сашо и нивната заложба да произведуваат здраво природно масло од лешник и путер од лешник од денеска е дел од балаклницата на Кајак.мк
Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај
Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.
Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!
Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.
Јануарски тим билдинг со уште една снежна АТВ авантура
Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.
Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија
Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување
Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед
NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.