04.02.2021
Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!
Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!
Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.

Томе и Александар се млади стоматолози по професија, а во слободното време умеат да создаваат нови патувачки авантури исполнети со многу музика.

Се запознаваат на медицинскиот факултето во Скопје, каде
и двајцата доаѓаат до заклучок дека гитарата им е заедничка тема. Веќе неколку
години наназад своето слободно време го користат за преработка на познати
хитови, но во 2020-та година, започнаа и свој волонтерски музички караван
наречен „Со музика низ Македонија“.
На својот инстаграм профил @chill_out.official споделуваат видеозаписи од акустични преработки на прекрасни локации ширум државата.

Цел на
патувачкиот музички караван како што велат тие е да и се оддаде почит на
планината, чистиот воздух и недопрената природа, а сето тоа зачинето со музика.
„На секој од нас му недостасува музички концерт“. Сите имаме желба да им се вратиме на фестивалите. Без разлика дали се тие исполнети со рок музика, електронска музика на некоја македонска планина, или балканска трубачка музика во некое планинско село. Македонија има доста фестивали кои се оддржуваат во природа, па оттука, нашата намера е да им овозможиме на луѓето кои не следат уживање во прекрасната природа и музика.

И покрај тоа
што живеат во Гевгелија, омилена планина на која настојуваат да свират е Пелистер.
Пелистер го
обожаваат поради чистиот
воздух и поради Моликата. Велат дека на ова планина никогаш нема да им биде досадно.
Покрај промоцијата па туристичките места низ Македонија, нивна главна цел исто така е и подигањето на еко свеста кај граѓаните.

На сопствена иницијатива, успеале да исчистат доста
локалитети во државата. Собирајќи го отпадокот во пластички вреќи и споделувајќи го на социјалните мрежи со порака дека „Ова не треба да сме ние“.
Од особено значење им е македонската музика. Преферираат да свират македонска музика бидејќи со тоа добиваат и повеќе апаузи од странските туристи кои поминуваат покрај нив.

Нивниот неформален авантуристички караван ќе продолжи и во 2021-ва година, бидејќи според нив, секогаш е подобро кога ќе слушнеме акустична гитара на некоја планина.
Коментари
-
Saso Petreski Prilep Prilep Makedonija
09.02.2025 16:12
Pozdrav milo mi e da se druzime
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!