03.05.2020

Најпопуларнoто сместување на Airbnb во секоја европска земја

Најпопуларнoто сместување на Airbnb во секоја европска земја

Понекогаш, европските хотели можат да бидат премногу скапи, со премногу гужва и слично. Затоа понекогаш сакаме да избереме дом за време на патувањето или што би рекле многумнина „дом далеку од дома“. Затоа за да се чуствуваме „луксузно“ и авентично честопати бараме „скривалиште“ кое се наоѓа на најдобрата локација во градот. Затоа „AirBnb е вистинскиот погодок за овој таргет на патници. Од Македонија, до Англија, погледнете ги најпопуларните сместувачки објекти во секоја земја. Редоследот започнува од буквата А.



Албанија: Вила Аманција
Оваа вила е составена од пет станови во историското село „Канина“ и може да се изнајмува цела или да се подели доколку вашата група е помала. Имате прекрасен избор со поглед кон морето или кон нивната градина.
Од 74 долари за ноќ



Андора: Камена куќа со приватна градина
Целиот прв кат од оваа камена куќа е достапен за изнајмување, опремен со две двокреветни спални соби и две купатила. Домот нуди пристап до многу барови и ресторани на Ордино и има ски-центри во околината.
Од 70 долари за ноќ



Ерменија: Стан на републичкиот плоштад
Овој стан вреди за неговата локацијата, кој се наоѓа веднаш покрај главниот плоштад и шетачките улици на главниот град на Ерменија, Ереван. Уживајте во пространи соби и модерна кујна пред да излезете за да ги истражите градските ресторани и продавници.
Од 39 долари за ноќ


Австрија: Простран стан во близина на метро
Само со кратко возење недалеку од центарот на градот Виена, овој сончев стан е сон на секој кој сака добар дизајн. светло ентериер од дрво, прозорци од подот до таванот и тераса на покривот за во текот на летото.
Од 49 долари за ноќ


Белорусија: Светло студио на одлична локација
Ова студио се наоѓа во историскиот центар на Минск, близу до одлични ресторани и барови. Сончевиот ентериер и шарениот декор (и пијаното!) ќе ве натераат да се чувствувате како дома.
Од 30 долари за ноќ


Белгија: Пријатна соба во средновековен град
Ова просторија може да биде мала, но патниците ќе ја сакаат нејзината локација во средновековниот центар на Бриж. Можете дури и да појадувате во јадење во куќата (со дополнителни трошоци) и да се чуствувате како во вистински хотел.
Од 58 долари за ноќ


Босна и Херцеговина: Тивко студио во историска зграда
Сместено во зграда од австро-унгарскиот период, ова студио е во близина на урбаниот центар на Сараево (околу 15 минути пешачење до Стариот град). За разлика од повеќето градски станови, овој доаѓа со приватен паркинг.
Од 31 долари за вечер


Бугарија: Уметнички стан во центарот на градот
Зборот „уметнички“ залудно овде. Станот во Софија доаѓа со паркет, одредени ѕидови од тули и грамофони и машини за пишување поставени на масите покрај креветите.
Од 35 долари за ноќ


Хрватска: Светилник покрај морето
Можеби ќе чини повеќе пари од просечната Airbnb куќа, но повторно, повеќето Airbnb сместувања не се светилници на приватниот остров во близина на Пула во Јадранското Море. Можете дури и да нуркате во близина на потонатите чамци што се наоѓаат пред светилникот.
Од 164 долари за ноќ


Кипар: Куќа на плажа покрај море
На помалку од 200 метри од морето, ова релаксирачко сметување во Пафос доаѓа комплетно со двор, добро опремена кујна и спални соби со поглед кон водата.
Од 78 долари за ноќ


Чешка: Ново студио „Пепеп-ап“
Ова ново реновирано студио може да смести до тројца гости во срцето на Прага, во местото познато по своите куќи „Арт Деко“ и локација со изобилство на кафулиња. 
Од 63 долари за ноќ


Данска: Убав семеен стан
Со неверојатно пространи простории и пристап до приватен двор, овој стан на првиот кат дефинитивно го има тоа чувство на дома. Исто така,  се наоѓа во центарот на Копенхаген, семејно-пријателска локација која има многу луксузни бутици и ресторани.
Од 162 долари за ноќ


Естонија: Удобен стан во Стариот град
Сместен на еден блок од главната улица на Стариот град на Талин, овој стан е како од книга со приказни, со изложени тули и камења и пријатна постела навлечена во аголот.
Од 39 долари за ноќ


Финска: Традиционална Тимберхаус во Лапланд
Ништо не може да биде подобро од традиционалната дрвена кабина среде фински лапланд (Ивало, да биде точно), особено кога вклучува пристап до сауна и врвни погледи на „Северните светла“.
Од 88 долари за ноќ

Франција: Шармантна приморска куќа
Оваа вила со три спални во југозападна Франција има се: светли и пространи соби, оградени градини, места за готвење на отворено, па дури и базен.
Од 199 долари за ноќ



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Произведуваме 100% природно масло од лешник и путер од лешник

Приказната на Билјана и Сашо и нивната заложба да произведуваат здраво природно масло од лешник и путер од лешник од денеска е дел од балаклницата на Кајак.мк

Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај

Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.

Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!

Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.

Јануарски тим билдинг со уште една снежна АТВ авантура

Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.