22.09.2020

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Доаѓа период на виното и есенската хармонија. Кога есента ќе почне да ги покажува своите заби секој патник би посакал да посети нешто што е уникатно за овој период од годината. Предлог на туристичкиот сервер Кајак.мк е винаријата во Демир Капија. „Royal Winery Queen“, Таа е најстарата винарија на Балканот. Ова е наш предлог за викенд патување. 


Кралска винарија изградена од кралот Александар Караѓорѓевиќ во 1928 година, по препорака на врвни француски енолози кои го советувале кралот во тоа време за да изграфи винарија во регионот на Тиквеш, со тоа што тој се одлучува таа да биде подигната во Демир Капија. Но по катастрофалниот земјотрес кој го зафаќа целиот регион ова винарија добива своја „лекарска помош“ во 1934 година кога доаѓа кралицата Марија. 


Првобитно на имотот не е предвидена семејна вила, но по инсистирање на кралицата Марија во рамките на имотот започнало да се гради и вила. Вилата отпочнала со градба во 1931 година, а како подарок за вилата, работилницата за керамички производи од ВршацСрбија, подариле две кариатиди со висина од 2,80м. Кариатидите во 1941 година од страна на управникот на имотот биле закопани заради заштита од девастирање и грабеж. Во 60-тите години при длабоко орање истите се пронајдени и поставени пред влезот во вилата. Кралскиот имот е пуштен во употреба 1931 година кога биле удрени темелите на црквата св.Богородица. Имотот ја опфаќал винарската визба со пратечките објекти, а на оддалеченост од 2км била изградена ергела за коњи липицанери. 


Во 2001 година на предлог на г-дин. Звонимир Будимировиќ, советник на градоначалник за култура и културно наследство, советот на општината донел одлука имотот да се стави под заштита на Р.Македонија. Денес претставува една од најатрактивните понуди за винскиот туризам во општина Демир Капија и Македонија.


Овој предел е особено важен за Македонија поради огромното поизводство и преработка на грозјето. 

Денеска ова винарија е една од најдобрите во државата. Порај дегустација на квалитетното вино, таа нуди можност и за ноќевање во одличен кралски амбиент. 



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кампување во 2026: Нови трендови и автентични патувања во природа

Откриј ги најновите трендови за кампување во 2026 година и зошто сè повеќе патници избираат автентични доживувања, природа, слобода и локални искуства наместо класичен туризам.

Во охридско кафуле, секојдневието може да ви биде на различно ниво

Тимот на Кајак.мк секогаш ги препорачува уникатните места во Македонија каде што можете вистински да уживате и да го почувствувате духот на дестинацијата.

Македонецот Оливер ја освојува Австралија со своите специјалитети

Тимот на Кајак.мк продолжува со раскажување на сите мотивирачки приказни на Македонците кои живеат во или надовр од Македонија. Нашата платформа „Macedonia Abroad“ прераснува во центар каде се испишуваат сите мотивирачки и позитивни приказни за нашите локални херои

Слободата на патување за граѓаните на Македонија | Henley Passport Index 2026

Според најновиот Henley Passport Index 2026, граѓаните на Македонија имаат пристап до околу 128-132 земји без виза. Дознајте како пасошот влијае на меѓународната мобилност, туризмот и можностите за патување.

Габриела и Предраг се македонците кои создаваат биоразградливи предмети: Предлог за подарок

Запознајте го Simple Design – малиот семеен тим на Габриела и Предраг што создава уникатни 3D декорации од одржливи материјали. Автентичност, креативност и љубов во секој производ.

Искористете го крајот на јануари за зимско патување низ Македонија

Зимско патување низ Македонија? Откријте снежни планини, ски центри и спа-викенди со kajak.mk – вашиот водич за сместување, активности и локална гастрономија.