27.01.2026
Македонецот Оливер ја освојува Австралија со своите специјалитети
Македонецот Оливер ја освојува Австралија со своите специјалитети
| Пред да продолжите со читање на приказната, сакаме да ве информираме дека приказната е преведена на 20 јазици. Без разлика каде и да живеете низ светот, можете да ја споделите приказната на јазикот на земјата каде што се наоѓате, само така ќе ја промовираме Македонија. Преводите се достапни на нашата платформа Macedonia Abroad или со еден клик ОВДЕ. |
Со срце полно љубов, со раце навикнати на тесто и со душа што никогаш не ја заборава татковината, приказната на Оливер Наумоски е уште еден доказ дека македонскиот дух нема граници.
Оливер е по потекло од Кичево, град кој засекогаш ќе остане впишан во неговиот идентитет. Денес, веќе четири години, неговиот животен пат го води во далечен Бризбејн, Австралија, каде живее и работи заедно со својата сопруга Татиана и нивната најголема радост – ќеркичката. Иако илјадници километри далеку од Македонија, корените му се длабоко врежани во секој чекор што го прави.

Љубовта кон готвењето кај Оливер не е случајна – таа е
присутна уште од детството. Уште од мали нозе го привлекувале експериментите,
мирисите и магијата на создавање вкусна храна. Преселбата во Австралија и
животот во мултикултурна средина само ја разгореле таа страст, отворајќи му
нови хоризонти и инспирации. Сепак, без разлика на новите кујни и вкусови што
ги откривал, македонската традиција секогаш останала неговата најсилна врска со
домот.
Својата професионална основа како pizza chef ја стекнал во Кичево, во Atva Residence Hotel, каде работел три години од самото отворање. Тој период бил клучен за неговото обликување како готвач. Со голема благодарност го споменува својот пријател Миле Костадиноски, врвен pizza chef, кој му ја подал раката и му дал можност да учи, да расте и да се изгради професионално.

Денес, Оливер е сопственик на уникатен бизнис – приколка за
authentic Neapolitan pizza, која целосно сам ја реставрирал од нула. Она што
некогаш било horse float, денес е подвижна приказна за труд, упорност и љубов
кон занаетот. Целата трансформација наскоро ќе ја сподели преку видеа, како
инспирација за сите што сонуваат да создадат нешто свое.
Иако ужива да подготвува јадења со месо, пица, пастрмајлии, бакрдан и други македонски специјалитети, во моментов фокусот е ставен на пицата. Таа се служи директно од приколката, на родендени, кетеринзи, венчавки и најразлични прослави – места каде храната станува дел од спомените и радоста.

Реакциите од оние што ја вкусиле неговата пица се исклучиво
позитивни. Секој убав збор, секоја насмевка и секоја пофалба се најголемата
мотивација за Оливер постојано да се усовршува и да биде уште подобар во
иднина. Неговата храна не е само оброк – таа е приказна, емоција и мост меѓу
Македонија и светот.
Контакт:
Instagram: @olis__pizza
Email: [email protected]
Сакаме да ве информираме дека приказната е преведена на 20 јазици. Без разлика каде и да живеете низ светот, можете да ја споделите приказната на јазикот на земјата каде што се наоѓате, само така ќе ја промовираме Македонија. Преводите се достапни на нашата платформа Macedonia Abroad или со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Анета Зафироска
27.01.2026 19:39
Браво зет. Се гордеам на вас и вашите успеси. Ви посакувам уште поголеми успеси во иднина. Поздрав до семејството...
-
Viktor Arsoski
27.01.2026 18:48
Sekoja cest za Oliver, samo toj sto probal znae deka podobar vkus nema nikade vo svetov, ako ednas probate poveke nikogas nema da go zamenite ovoj vkus... Bravo Oliver Naumoski
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.