27.01.2026
Во охридско кафуле, секојдневието може да ви биде на различно ниво
Во охридско кафуле, секојдневието може да ви биде на различно ниво
Тимот на Кајак.мк секогаш ги препорачува уникатните места во Македонија каде што можете вистински да уживате и да го почувствувате духот на дестинацијата. Денеска ве водиме во срцето на Охрид – градот на историјата, езерото и посебната енергија. Токму тука го поминавме нашето време во уникатниот Дамаст Бар, место кое совршено се вклопува во охридската приказна.
| Од денеска Дамаст Бар е препорака на Кајак.мк. Доколку сакате да резервирате кликнете ОВДЕ |
Дамаст Бар е бар кој можете да го посетувате секојдневно, а никогаш да не ви стане досадно. Причината за тоа е неговиот внимателно осмислен распоред на три различни нивоа, од кои секое нуди своја атмосфера и свој ритам. Без разлика дали сте дојдени на кратко кафе, подолг муабет или опуштена вечер со друштвото, тука секогаш ќе најдете простор што одговара на вашето расположение.

Панорамскиот отворен балкон нуди прекрасен поглед кон охридската историја и езерото, создавајќи совршена атмосфера за уживање со коктел во рака и разговор што трае со часови. Приземјето, пак, е идеално за брзо кафе, средба во движење или кратка пауза во текот на денот, додека повисоките нивоа овозможуваат повеќе приватност и опуштен амбиент за подолги дружења.
Во Дамаст Бар ќе ве пречека богата понуда на различни коктели, внимателно подготвени за љубителите на добриот вкус, како и слатки специјалитети кои совршено се комбинираат со кафе или десертен пијалак. Секој детаљ е осмислен така што посетителите да се чувствуваат пријатно и добредојдено.

Дополнителна предност е тоа што Дамаст Бар се наоѓа во самиот центар на Охрид, што го прави лесно достапен и идеален избор без разлика дали сте турист или локален жител. Барот работи во текот на целата година, па претставува сигурно место за уживање и во лето и во зима, во секое време кога ви е потребна добра атмосфера.
Дамаст Бар не е само бар – тоа е место каде што се создаваат навики, спомени и убави моменти, токму во срцето на Охрид.
Од денеска Дамаст Бар е препорака на Кајак.мк. Доколку сакате да резервирате кликнете ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.