11.05.2020
Авиокомпаниите ќе мора да ги обештетат клиентите за откажаните летови поради пандемијата
Авиокомпаниите ќе мора да ги обештетат клиентите за откажаните летови поради пандемијата
Британското регулаторното тело за авијација на ги предупреди авиокомпаниите дека тие се законски обврзани да им ги вратат средствата на клиентите кои имаат откажани летови заради коронавирусот, пишува Радио Моф.
Според законот, авио-операторите мора да ги обештетат клиентите во рок од седум дена ако нивниот лет е откажан, објави БиБиСи. Но, со оглед на тоа што во Велика Британија полетуваат само 10% од планираните авиони, авиокомпаниите се борат да се справат со сите барања за поврат на средства. Регулаторот за цивилно воздухопловство (CAA) соопшти дека може да преземе акција против авиокомпаниите.
Patrick Tomasso
„Ние проверуваме како се справуваат авиокомпаниите со наплата за време на пандемијата на коронавирус и ќе разгледаме дали треба да се преземат какви било активности за да се обезбеди заштита на правата на потрошувачите“, се вели во изјавата на ова тело. Минатиот месец, групата на потрошувачи „Which?“ соопшти дека примила илјадници поплаки од луѓе кои се борат да обезбедат поврат на средства за откажаното патување. Наместо тоа, авиокомпаниите им нудат ваучерите на клиентите кои ќе може да ги користат кога ќе се укинат мерките поради пандемијата.
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Луфтханза од јуни почнува со летови на 106 дестинации во Европа |
Според сопствените проценки на патничката индустрија, се смета дека се работи за 7 милијарди фунти пари на патниците, велат од групата на потрошувачи. Сега, регулаторното тело истапи. „Според законот, потрошувачите имаат право да добијат поврат за откажаните летови, и покрај предизвиците со кои се соочува индустријата“, се вели во извештајот.
„Ние ги поддржуваме авиокомпаниите кои им нудат на ваучерите на потрошувачите и алтернативите за ре-букирање, кога потрошувачот е задоволен. Но, важно е на потрошувачите да им се даде јасна опција да побараат поврат на пари без непотребни бариери“. Регулаторот рече дека не очекува авиокомпаниите „систематски“ да го негираат првото на потрошувачите за обештетување. „Очекуваме авиокомпаниите да обезбедат поврат на средства за откажаните летови што е можно поскоро, иако цениме дека постојат оперативни предизвици за авиокомпаниите во тековните околности“.
Сопственикот на Рајанер Мајкл О’Лир изјави дека ќе бидат потребни до шест месеци да им се вратат на патниците средствата за откажаните летови заради пандемијата на коронавирус. Тој за Би-Би-Си изјави дека авиокомпанијата се бори да процесира заостаната наплата од 25 милиони фунти, со намален персонал.
Авиокомпаниите се принудени да го приземјат поголемиот дел од нивните флоти заради кризата. Како резултат на тоа, „Бритиш ервејс“, „Вирџин Атлантик“ и „Рајанар“ објавија илјадници кратења на работните места. Од „Авиокомпаниите“ исто така соопштија дека плановите за воведување 14-дневен карантински период за секој што ќе пристигне во Велика Британија од која било земја, освен за Република Ирска и Франција, дополнително ќе му наштети на авио-бизнисот.
Извор: www.radiomof.mk
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Не наседнувајте на шпекулациите за тоа како ќе се патува во Грција ова лето!
Airbnb ќе даде отказ на 25% од своите вработени
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово