Компанијата Сопро донираше и засади 1500 дрвца

Тим билдинг во Гевгелиски регион

Засадени нови 1500 дрвца

Последните денови од пролетните акции за пошумување ги заокружуваме со компании чии тимови се способни да пошумат цела планина благодарение на големото срце кое го имаат, така велиме ние.

Уште една компанија чии вработени се доста физички активни и уживаат во секоја минута во природа е „Сопро“. Среќни сме што Сопро од денеска е дел од „Еко семејството на Кајак“, а драго ни е што сите компании имаат една иста цел, а тоа е да ја покријат Македонија со нови шуми.

Она што нè радува е фактот дека компаниите како Сопро ги комбинираат сите придобивки од еднодневните еко патувања низ Македонија и им овозможуваат на своите вработени да бидат физички активни и да ги наполнат батериите. Ваквите патувања кои ги организираме ние резултираат со уживање и дружење во природа и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените, а сето ова е лек против стресот кој ни го предизвикува динамичното темпо на живеење.

Компанијата „Сопро“ докажа дека има физички способни вработени кои можат да се вклучат во акција за пошумување, а по акцијата да поминат 40 минути во пешачење.

Оние кои досега не го посетиле излетничкото место „Бел Мост“ сега имаа шанса да ги запознаат убавините на овој предел. Ова излетничко место е идеално за преку летниот период бидејќи по течението на „Стара река“ се создаваат речни корита со чиста планинска вода кои на локалното население им овозможуваат бесплатни базени разладување од летните горештини.

Последните акции за пошумување ги организираме со вештачко наводнување во случај да не заврне, бидејќи како што велиме во Кајак, нашата цел е да имаме резултат на кој ќе бидат горди сите оние кои се вклучиле во акциите. 

Сопро, Ви благодариме на одлуката да се вклучите со ваква еко-акција. 






ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment