Aктивен викенд на Пелистер со Шпаркасе Банка

Тим билдинг на Пелистер

Aктивен викенд на Пелистер со Шпаркасе Банка

Ноември е месец кога треба да ги искористиме слободните сончеви денови за активности во природа или пак да прошетаме на некои уникатни дестинации во Македонија.

Во наредните неколку денови со вас ќе споделиме интересни совети за тоа каде да прошетате на викенд и да ги наполните батериите за нова работна недела. Ние изминатиот викенд бевме на пет дестинации во државата заедно со вработените на Шпаркасе Банка.

Ја имавме можноста да им организираме еден уникатен викенд со вработените од Шпаркасе Банка, а кои се покажаа како вистински ентузијасти во чекорите кои ги направија и темпото на движење кои го постигнаа при реализација на турите.

Она што најмногу не радува е фактот дека Шпаркасе се покажа како одговорна компанија која одлучи да ги поддржи нашите локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развој на туризмот во Македонија. Исто така, драго ни е што компанија како Шпаркасе, ја разбира потребата од организирање на активности во природа за своите вработени, каде преку вакви настани ги поттикнува да бидат физички активни во природа.

Првата од петте дестинации е Пелистер. Националниот парк во ноември го препорачуваме на сите вљубеници во есенската идила, но и оние кои се заинтересирани да слушнат повеќе информации од историски аспект.

Турата беше предводена од нашиот локален водич Рубин, кој за запозна групата со доста интересни факти за националниот парк. Имавме можност да уживаме по историско-едукативната планинска патека Прва светска војна“.

Во Националниот парк Пелистер има неколку обележани планинарски патеки кои ви овозможуваат атрактивни и авантуристички доживувања за пешачење и планинарење. Прошетката по историско едукативната патека низ живописната природа на Националниот парк Пелистер, е одлично искуство за тимот и одлична можност за посетителите да дознаат повеќе за Првата светска војна.

Патеката започнува од Инфо центарот во Пелистер, во кој исто така е поставена и музејска поставка за Првата светска војна и за растително-животинскиот свет на Националниот парк. Патеката завршува во близина на Хотел Молика. Патеката е добро обележана со многу места за одмор, видиковец и информативно едукативни паноа.

По завршување на планинарската тура, групата го посети домот на една од нашите хероини од битолскиот регион, каде имаа можност да дегустираат специјалитети кои инспирираат микс од автентични вкусови подготвени од La Sandra.

Битолчанката Сандра е жената која е чувар на македонското гастрономско наследство, специјалитети подготвени на традиционален- модерен начин. За Сандра велиме дека е македонската Ана Рош. Во нејзиниот двор се осеќа македонската гостопримливост, а храната ќе ве прошета низ времето.

Од локално произведена храна, домашни ликери и пунч, сето ова беше само дел од менито подготвено од нашата хероина. 

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар