Донирани нови 200 дрвца за пошумување

Тим билдинг во регионот на Струмица

Донирани нови 200 дрвца за пошумување од страна на Жито Пром

Прекрасен тим билдинг, со прекрасни луѓе на прекрасна локација

Тимот на Кајак.мк е среќен што ја испиша својата прва успешна тим-билдинг приказна на југоистокот од државата и тоа не каде било, туку во ресторанот „Кај Виктор“ во село Босилово.

Сигурно би рекле дека оваа дестинација не е многу туристички атрактивна и не вреди да ја посетите, но затоа пак, компанијата „Жито Пром“ одлучи да докаже дека токму на оваа дестинација треба да и посветуваме повеќе внимание и да и дадеме поддршка, бидејќи токму овде зрее една нова угостителска приказна коа ја испишува домаќинот на Коста.

Она кое ние настојуваме е моментот да им ја дадеме сета поддршка на сите локални херои кои вложуваат многу труд во развој на туризмот и угостителството, а кои се нови, имаат уникатни приказни и за нас се животни борци и искусни занаетчии.

Таква поддршка му дадовме на ресторанот „Кај Виктор“ заедно компанијата „Жито Пром“. Денот ни помина доста забавно и опуштено. Започнавме со пешачење до Колешинските водопади, дестинација која им ја препорачуваме на сите вљубеници во активниот туризам, а која заслужува поголемо внимание и промоција. Се надеваме дека овој момент додека го читате нашето четиво ќе Ви вродиме желба да го посетите водопадот или пак да резервирате ручек во ресторанот на Коста. Токму нашите тим-билгинг организации имаат цел да ја поттикнат волјата кај сите да бидете активни во природа и да ги истражувате сите скриените богатства. 

Остатокот од денот го поминавме во ресторанот „Кај Виктор“ која гастрономска дестинација има специфична животна приказна за која Кајак.мк пишуваше пред една година.

Она кое тимот на „Жито Пром“ успеа да го докаже е фактот дека не постои пречка помеѓу возраста на вработените за да и се приклучат на добрата забава и дружење. За време на ручекот организираме неколку друштвени игри преку кои вработените ја зајакаа меѓусебната тимска доверба, соработка, тимски одлуки и работеа на подобрување на комуникацијата.

Затоа денеска и посакуваме топло добредојде на компанијата „Жито Пром“ во еко светот на Кајак.мк, кои преку овој настан донираа нови 200 дрвца за пошумување за време на есенската акција за садење која ќе биде организирана од тимот на Кајак.мк.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment