Тим билдинг во Неготино

Компанијата Singular со донација на нови дрвца во градски парк во Неготино

Компанијата Singular со донација на нови дрвца во градски парк во Неготино

Компанијата Singular со донација на нови дрвца во градски парк во Неготино

Тим билдинг во Неготино

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Тимот на Кајак.мк е среќен што беше организатор на уште еден прекрасен еко тим билдинг во Неготино, на кој компанијата „Singular“ донираше и засади нови дрвца во прекрасно паркче во Неготино, за кој сме сигурни дека му ќе биде за почит од локалното население.

20-ти април беше единствениот датум кога надвор имавме доста сонце, пријатна температура за уживање на отворено и супер расположение помеѓу вработените на компанијата „Singular“, за која како што велиме мудро ги користи сите знаења и информации на Кајак.мк се со цел да и даде поддршка на локалната економија.

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.

Што значи дека по акцијата за пошумување, денот го искористиме за посета на локалните грнчари во Неготино, кои семејната традицијата на преработка на глина во уникатни предмети ја негуваат цели 200 години. Овде имавме можност да се запознаеме со нивната семејна приказна, да дознаеме за почетоците, да слушнеме за процесот на изработка, а најважно од се е да погледнеме како се изработува еден предмет, како се гравира и пече. Многумина искусија како е да се изработи еден предмет, а на крај на посетата сите си заминавме со поклончиња.

Во нашата агенда беше и посетата на „Музејот на Олд-Тајмери“ чија приказна допрва ќе се слуша. Димитар кој ни ги отвори вратите на музејот ни ја раскажа приказната која нивниот татко почнал да ја пишува, а која денеска ја продолжуваат тој и неговиот брат.

Денот ни заврши на една прекрасна локација, каде гастрономијата и природата се вклопуваат, каде можете да уживате по цели денови, а притоа да не треба ништо дополнително да правите. Тимот на Кајак.мк се фокусира преку ваквите еднодневни тим билдинг настани да ја вклучи локалната гастрономија, локалното вино, а сите чинители кои се вклучени во агендата да имаат финансиски бенефити од настанот.

Затоа, од срце и благодариме на компанијата „Singular“, кои ја препознаваат целта на нашето постоење и соработуваат со нас, а секоја соработка, носи голем бенефит за локалната економија, природата и сите локални херои кои се вложуваат во создавањето на мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.  

Остави Коментар