Тим билдинг во Галичник

Тим билдинг во Галичник

Галичник можете да го уживате од пролет па до крајот на есента, но под знак прашалник поради снегот и временските услови кои го зафаќаат овој предел.

Тим билдинг во Галичник: Од галички џин до авантуристичка тура

Галичник можете да го уживате од пролет па до крајот на есента, но под знак прашалник поради снегот и временските услови кои го зафаќаат овој предел. Според нас, идеален за посета на Галичник е летниот период бидејќи природата, воздухот и храната ќе ви овозможат да ги наполните вашите батерии и да се одморите во зелениот спокој на планината.

Нашиот тим имаше уште еден прекрасен викенд во Галичник каде што беше реализиран уште еден прекрасен тим-билдинг. Последните сочневи денови ги искористивме за да уживаме во ова прекрасно планинско место кое раскажува многу приказни од минатото.

Денот ни започна со кафе и атв тура во околината на Галичник, за потоа да продолжиме со дегустација на галички џин, нешто што е сосема ново во Македонија. Среќни сме што Кајак.мк е првиот организатор кој на своите групи им овозможил да го дегустираат вкусот на Галичник, а како платформа која ја промовира уникатноста на Македонија, тврдиме дека ваквите моменти кои ги величат локалните херои ќе продолжат и во иднина.

Пред самата дегустација, реализиравме АТВ тура во околината на Галичник, а денот ни заврши со галично сирење, салата, ракија, домашни макала и вкусно месо.

Македонија има прекрасни локации на кои може да се организира еднодневни тим-билдинг и друштвени патувања, а храна како што нуди нашата земја, не би можеле да најдете на друго место.

Повеќе фотографии од турата можете да погледнете со еден клик ОВДЕ. 

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар