20.03.2024
Запознајте ја стружанката Сара: Младата девојка која изработува накит од овча волна
Запознајте ја стружанката Сара: Младата девојка која изработува накит од овча волна
Постојано велиме дека мисијата на Кајак.мк е да ве запознае со што е можно повеќе локални херои во Македонија кои создаваат уникатни нешта и инспирираат нови генерации. Ваквата мисија ќе ја водиме се до нашиот последен ден од постоењето како платформа. За нас, туризмот не е само огласување вила, собиранки за Нова Година или скара за 1-ви Мај. За нас, туризам значи поддршка на локалното население кое создава мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија. Тоа нам нѐ прави поразлични од другите платформи и ја доловува суштината за раѓањето на Кајак.мк.

Денеска, нашиот тим ве води во Струга, градот во кој живее и твори младата занаетчика Сара Матовска, стружанка која со љубов и традиција го продолжува семејниот занает. Родена и одгледана во Струга, Сара наследила дарбата и љубовта кон занаетчиството од својот дедо, угледен кувенџија и саатчија. Неговата работилница била нејзин втор дом, место каде што таа ги изградила основите на своето занаетчиско умеење.

Сара во својата работа ги спојува традиционалните методи со
современи идеи. Нејзините уникатни производи вклучуваат накит од волнени
филцани материјали, декоративни свеќи од соин и пчелин восок, како и органски
сапуни. Нејзиниот потпис е видлив во секој аспект на нејзиното творештво, од
изборот на материјали до финалната изработка.
Инспирацијата за вклучување на волната во нејзините дела дошла од стремежот да создаде нешто уникатно, нешто што не е „класично“. Техниката на суво филцање ја привлекла поради нејзината специфичност и реткост. Оваа техника овозможува создавање на детални и интригантни уметнички дела кои ги одразуваат нејзината страст и мајсторство.

Сара најчесто изработува накит по нарачка, особено брошеви,
кои често ги креира во форма на домашни миленици според слики од клиентите.
Нејзините обетки, ланчиња и венчиња за коса, исто така изработени од волна, се
карактеристични за нејзиниот стил. Во делот на свеќите, таа дозволува целосна
персонализација во поглед на формата, бојата и мирисот, давајќи им на клиентите
можност да бидат дел од креативниот процес.
Материјалите што ги користи Сара се од највисок квалитет и се природни. Овчата волна ја припрема сама, од перењето и чистењето до влачењето и боењето. За накитот често користи сребрени додатоци, додека за свеќите и сапуните користи соин или пчелин восок, природни бои и етерични масла.

Семејството и пријателите и обезбедуваат неопходна поддршка
во нејзиното креативно патување. Нејзините најверни клиенти се оние кои ја ценат
рачната изработка и трудот кој го посветува Сара.
За накитот од филцана волна, Сара вели дека подготовката на волната може да трае неколку дена, а самото креирање на парчето накит исто така бара часови на прецизна работа. Оваа деталност и внимание кон финишот ги прават нејзините прозводи посебни и посакувани.

За свеќите и сапуните, процесот вклучува избор на суровини, мешање на смесата и потоа чекање на стврднувањето, при што сапуните мора да отстојат најмалку една недела за да достигнат оптимален квалитет. Секоја фаза од процесот на изработка е внимателно планирана и спроведена со цел да се обезбеди дека конечниот производ е од највисока класа.

Пристапот на Сара кон занаетчиството не е само дело на традицијата, туку и израз на нејзиниот креативен идентитет. Таа внимателно избира материјали кои се одржливи и природни, одразувајќи ја нејзината грижа за околината и желбата да создава продукти кои се не само убави, туку и еколошки одговорни.

Патот на Сара како занаетчија е и пат на постојано учење и
адаптирање. Таа експериментира со различни техники и материјали, постојано
барајќи начини да ги подобри и иновира своите производи. Нејзината работа не
само што ги одразува личните вештини и страст, туку и го чува богатото културно
наследство на нејзината родна Струга.
Сара Матовска е пример за современ занаетчија кој успева да
ја спои традицијата со модерноста, создавајќи уникатни производи кои ги
надминуваат границите на времето и културата. Нејзината работа не само што
обогатува локалната заедница, туку и носи дел од магијата на Струга на
меѓународно ниво, покажувајќи дека исконската уметност може успешно да се
интегрира во современата естетика и потреби.
Прозиводите на Сара можете да ги погледнете во Бакалницата
на Кајак.мк со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Fimka Kacarska
20.03.2024 16:55
Честитки! Воодушевена сум !
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонци ја освојуваат Малта со вкуснa храна: Од мал семеен бизнис до големи соништа
Македонската храна ја освојува Малта. Комбинациите и експериментите се идеална опција за големите гурмани.
Македонија – европска дестинација во подем што вреди да се посети во 2026 година
Откриј зошто Македонија се издвојува како една од најинтересните европски дестинации за 2026 година, со автентични искуства, богата култура, природа и достапни патувања.
Младите Никола и Даниела успешно ја промовираат македонската кујна ширум Англија
Младите Никола и Даниела успешно ја промовираат македонската кујна ширум Англија
Водици во Македонија: Прослава на еден од најголемите христијански празници
Водици во Македонија е еден од најголемите христијански празници. Прочитајте за традициите, обичаите и духовното значење на Богојавление.
Кафуле што ретко се среќава – ново место во Битола што освојува со идеја
Кафулето Пионерски од денеска е препорака на Кајак.мк. Овој простор нуди внимателно одбрани книги за читање и купување, пријатен амбиент за тивко уживање или разговор.
Скопје, Македонија – Зошто овој потценет град е најмирната и најдостапна европска дестинација
Откриј зошто Скопје, Македонија е една од најмирните и најдостапни европски дестинации. Автентична култура, богата историја, вкусна храна и природа на чекор од градот.