13.03.2024

Темелно нова вила со базен во Кучково ги отвора вратите за првите гости

Темелно нова вила со базен во Кучково ги отвора вратите за првите гости

Во срцето на село Кучково, скриена меѓу зеленилото и природната убавина, се наоѓа една извонредна вила со базен која од 2024 година ги отвора своите врати за сите оние кои се во потрага по еденствено искуство на релаксација и забава. Овој прекрасен имот е дизајниран со мислата на максимално уживање и комфорт на секој гостин. А гостите оваа година, ќе може да уживаат во целосно нов и модерен амбиент.


Тимот на Кајак.мк ве води во Кучково, каде од денеска имате уште една опција за резервација на еднодневни уживања покрај базен. Вилата можете да ја резервирате со еден клик ОВДЕ. Причините поради кои треба да ја резервирате вилата за вашиот специјален ден се следните:

Вилата ви нуди одлична приватност и несекојдневно уживање. Со својот голем базен кој е поставен во срцето на имотот, обезбедува уникатно место за освежување во текот на топлите летни денови и мирно уживање во попладневните часови.


Просторот околу базенот и самата вила е темелно осмислен за да обезбеди сè што ви е потребно за незаборавен престој. Со двор што се простира на 1500м², има доволно место за сите видови на активности на отворено - од игри и забава до спокојни моменти под ѕвезденото небо. Самата вила, со своите 80м² и две спални соби, нуди удобност и интимност, а околниот двор е совршен простор за секое семејство или група пријатели кои сакаат да се одморат и забавуваат заедно. Базенот е во должина од 10 метри, а ширина од 4 метри. Околу базенот има простор од 150 м², вилата има 80м² со 2 спални соби и двор 1500м².


Со паркинг простор до 10 возила во дворчето и повеќе од 20 надвор, вилата нуди можност за организирање на семејни прослави, тим-билдинг дружење, родендени и прослави. Вилата нуди можност за ноќевање, располага со тоалет, кујна, шанк и интернет и се што е потребно за вашето максимално уживање.


Дали работи сезонски или преку цела година? Оваа вила ве пречекува во секое време, нудејќи ви шанса да уживате во нејзините убавини без оглед на сезоната. Дали сакате да планирате забава, да се релаксирате со вашето семејство, или едноставно да избегате од градскиот живот, вила во Кучково е идеалното место за вас.


Со капацитет до 300 гости во дворот, оваа локација е перфектна за големи настани, свадби, родендени, или тим-билдинг активности. Прифаќањето на домашни миленици ве охрабрува да ги донесете вашите пријатели и да го направите вашето искуство уште поспецијално.

Цените стартуваат од 4000 денари нагоре во зависност од бројот на гости и денот на изнајмување на просторот, обезбедувајќи флексибилност при планирањето на вашиот идеален престој.

Доколку сакате да испратите барање за он-лајн резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Marija Radinska

    14.03.2024 09:44

    Zdravo, Koja e cenata za 10 luge vo mesec juni, juli ili avgust za iznajmuvanje za 1 den. i koja e cenata za poveke od 10 luge?

Прочитајте повеќе

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.