Изнајмување на нова вила со базен во Кучково

Skopje Цена од:

4,000.00 ден

Вилата се издава за организирање на ваши приватни настани. Отворена е во текот на цела година. Базенот е летен и сезонски. Испратете барање со пополнување на формуларто и очекувајте одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена за наем на вилата преку ден без ноќевање се движи од 4000 денари па нагоре
  • Цената варира во зависност од големина на групата, периодот
  • Во цената е вклучено користење на кујната, интернетот, барот во вилата, тоалети
  • Паркинг простор
  • Помош при координација

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локцијата
  • Храна

Вилата ви нуди одлична приватност и несекојдневно уживање. Со својот голем базен кој е поставен во срцето на имотот, обезбедува уникатно место за освежување во текот на топлите летни денови и мирно уживање во попладневните часови.

Просторот околу базенот и самата вила е темелно осмислен за да обезбеди сè што ви е потребно за незаборавен престој. Со двор што се простира на 1500м², има доволно место за сите видови на активности на отворено - од игри и забава до спокојни моменти под ѕвезденото небо. Самата вила, со своите 80м² и две спални соби, нуди удобност и интимност, а околниот двор е совршен простор за секое семејство или група пријатели кои сакаат да се одморат и забавуваат заедно. Базенот е во должина од 10 метри, а ширина од 4 метри. Околу базенот има простор од 150 м², вилата има 80м² со 2 спални соби и двор 1500м².

Со паркинг простор до 10 возила во дворчето и повеќе од 20 надвор, вилата нуди можност за организирање на семејни прослави, тим-билдинг дружење, родендени и прослави. Вилата нуди можност за ноќевање, располага со тоалет, кујна, шанк и интернет и се што е потребно за вашето максимално уживање.

Дали работи сезонски или преку цела година? Оваа вила ве пречекува во секое време, нудејќи ви шанса да уживате во нејзините убавини без оглед на сезоната. Дали сакате да планирате забава, да се релаксирате со вашето семејство, или едноставно да избегате од градскиот живот, вила во Кучково е идеалното место за вас.

Со капацитет до 300 гости во дворот, оваа локација е перфектна за големи настани, свадби, родендени, или тим-билдинг активности. Прифаќањето на домашни миленици ве охрабрува да ги донесете вашите пријатели и да го направите вашето искуство уште поспецијално.

Цените стартуваат од 4000 денари нагоре во зависност од бројот на гости и денот на изнајмување на просторот, обезбедувајќи флексибилност при планирањето на вашиот идеален престој.


Остави Коментар