17.11.2025
Го напуштивме градот и се преселивме на село: Така започна нашата приказна наречена „Шумска Градина“
Го напуштивме градот и се преселивме на село: Така започна нашата приказна наречена „Шумска Градина“
Убавите и позитивни приказни за луѓето кои останале во Македонија и одлучиле да инспирираат млади секогаш ќе бидат во главен фокус на Кајак.мк. Нашето постоење е со цел да им дадеме поддршка на ваквите локални херои кои треба дефинитивно да бидат дел од светот на туризмот. Дали знаете зошто? Затоа што вкусот на зеленчукот од нивните градини и од супермаркет не е ист!

Денеска ќе ви ја
раскажеме приказната на „Шумска Градина“. Сакаме да ве запознаеме со Мартин и неговото семејство – локални херои на органското
земјоделство во Македонија кои
пред десет години,
решиле да го
остават градскиот живот зад себе, да ги спакуваат кучињата и мачињата и да се
преселат на село. Така започнува нивната приказна наречена Шумска градина – семејна, домашна и
сертифицирано органска градина која го носи вкусот на природата директно до
вашиот дом, а која од денеска е дел
од светот на Кајак.мк
Секое утро во градината е нов предизвик. Мартин и семејството со љубов го одгледуваат секој зеленчук, внимателно го берат и го носат до своите муштерии. „Најубавото е што можеме да живееме и работиме заедно како семејство и да гледаме среќни луѓе кога го добиваат нашиот зеленчук“, вели Мартин.

Предизвиците се дел од секојдневието – од
природните непогоди, до обезбедување вода и справување со институции. Но, со
трпение, упорност и љубов кон земјата, тие успеваат да ја одржат својата
градина и да создаваат храна каква што денес тешко се наоѓа – здрава, органска
и со вкус кој се чувствува во секој залак.
Шумска градина не е само зеленчук – тоа е животен стил кој промовира вистински вредности: грижа за природата, минимализам, семејство и заедница. Мартин верува дека тоа е патот кон живот кој вреди да се живее, и пример за сите млади кои сакаат да се вратат кон природата.

Во иднина, Шумска градина се надева на
поголемо производство и повеќе фамилии кои ќе уживаат во нивниот зеленчук, но и
на заедница од локални производители кои ќе се поддржуваат и инспирираат едни
со други.
Мартин порачува: „Не влегувајте во ова ако мислите само на пари. Водете се од љубовта кон природата и желбата да создавате нешто вистинско. Тогаш ќе го почувствувате вистинското задоволство.“ Шумска градина покажува дека локалните херои не се секогаш оние што ги гледаме во филмовите – понекогаш се оние кои секој ден со љубов и труд одгледуваат храна за заедницата.
Од денеска, „Шумска
градина“ е дел од категоријата на атракции која наскоро ќе може да резервирате
како уникатно искуство.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Го напуштивме градот и се преселивме на село: Така започна нашата приказна наречена „Шумска Градина“
Шумска Приказна од денеска е дел од светот на Кајак.мк.
Хотел или приватно сместување: како да изберете најдобро за вашето патување
Хотел или приватно сместување? Откријте како да изберете најдобро според стил, буџет и цели на вашето патување.
Тим билдинг во Маврово: Планина, чај, активности
Тим билдинг во Маврово: Планина, чај, активности. Тимот на Кајак.мк со уште еден уникатен тим билдинг во Маврово.
Зошто е добро да патувате: откријте нови дестинации и уживајте во секој момент
Откријте зошто е добро да патувате! Истражете нови култури, уживајте во природа, создадете незаборавни спомени и развијте лични вештини преку патувања и авантуристички туризам.
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.