29.04.2020
Улиците на Италија повторно мирисат на пица
Улиците на Италија повторно мирисат на пица
После два месеци карантин, воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот, пицериите во Неапол, родното место на пицата повторно почнаа да работат.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Кои европски земји и кога ќе го отворат туризмот ова лето? |
Додека на пицериите во Рим и во другите градови им беше дозволено да работат само со достава на пица, во Неапол заради густината на населението и за да се избегне овој град да стане ново жариште на КОВИД-19, беше забранета секаква работа на пицериите.
Работењето на пицериите беше дозволено од понеделник вечерта, а гувернерот на Кампанија, округот каде се наоѓа Неапол, изјави дека на почетокот на епидемијата мораше да се постават ригорозни мерки бидејќи се сметало дека болниците во регионот не можат да се справат со големиот прилив на пациенти.
@aliyahjam
Со ублажувањето низ цела Италија, гувернерот Де Лука дозволи испорака и продажба на пица во пицерии и ресторани, но без задржување. Севкупното отворање на барови и ресторани се очекува да биде во јуни, но со заложба за почитување на мерките за социјална оддалеченост и дезинфекција.
| МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?