16.05.2021

Вила во Пештани која го има најдобриот поглед кон летните зајдисонца

Вила во Пештани која го има најдобриот поглед кон летните зајдисонца

Многумина од вас со сигурност би потврдиле дека нема ништо поубаво од летните зајдисонца. Секој патник би посакал да престојува во вила која му овозможува уживање на својата тераса. 

Денеска разговаравме со домаќинот Славе, чија вила подолго време е дел од базата на Кајак.мк. Славе ни ги раскажува убавите моменти кои гостите ги споделуваат со него додека престојуваат во вилата „Forest Paradise“.

Вилата се наоѓа на највисоката точка во Пештани, а тоа само по себе носи уникатен поглед кон Охридското Езеро и планината Галичица.

Ова уникатна вила има доста интересен ентериер каде рустилакното е испреплетено со модерното. Оддалечена е 100 метри или 2 минути пешачење од плажа.

Таа има огромна зелена градина која може гостите да ја користат за уживање. Располага со 4 големи тераси со поглед кон езерото и планината Галичица, а исто така има и затворена тераса со камин во рустичен стил за едно поинакво доживување.


Пештани има одлична географска положба. Се наоѓа помеѓу Охрид и Св. Наум. Во близина на вилата е музејот на вода „Заливот на коските" кој е оддалечен 4 километри од Пештани. Секако тука е и националниот парк Галичица. Ова, како што вели домаќинот Славе, ви дава одлична можност да го искористите вашиот одмор активно.


Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, цени, фотографии и контакт, кликнете ОВДЕ.

 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!