12.12.2022

Ја основавме семејната винарија во чест на нашиот татко

Ја основавме семејната винарија во чест на нашиот татко

На платформата на Кајак.мк отсекогаш владееле приказните кои ќе ве поттикнат и мотивираат да продолжете по патот кон остварување на вашите животни соништа. Никој не би рекол дека работите во Македонија стојат лесно и дека некому му е потребна среќа за да успее во онаа кое го има замислено. Тоа се ретки луѓе, а ние како млад тим одлучивме да им ја дадеме сета поддршка на оние другите, кои немале шанса да се испромовираат и да докажат дека во Македонија има мали локалци кои прават големи работи за развој на туризмот.


Денеска имаме една доста драга приказна, од доста драги луѓе кои овојпат доаѓаат од Охрид. Ако има некои кои му пркосат на фактот дека доброто вино се произведува исклучиво во Тиквешкиот регион, тоа би била винаријата „Стојан и Синови“ кои веќе една година имаат свој печат на охридска мала семејна винарија која вложува сѐ во задоволувањето на апетитот кај гостите и конзуматорите.


Тимот на Кајак.мк разговараше со Ванчо кој заедно со својот брат Николче Шутароски ја основаат винаријата „Стојан и Синови“ во чест на нивниот татко Стојан. Винаријата добива печат во 2022 година, како официјално регистрирана мала семејна винарија. Ванчо во тимот го додава и братчед му Бошко Героски кој е постојано со нив со сета поддршка во делот на маркетингот и дизајните.

Винаријата е лоцирана во непосредна близина на пештерската црква св.Еразмо со поглед кон синилото на охридското  езерото и белите врвови на Јабланица живее интересна приказна за виното која сакаат тие двајцата да ја споделат со сите добронамерници и позитиви на денешното живеење. Отворија нова страница на одамна пишаната историја на припекот на Чекоштинското сонце. Ванчо и Николче Шутароски се протагонисти кои ќе Ве водат во новото винско искуство. Наследници на Стојан, причината за винските дружби. Ванчо како дипломиран менаџер по царина и шпедиција, а Николче како доктор по стоматологија, заедно почнуваат да го живеат долгогодишниот вински сон.

Семејно производство е наследено од нивнит дедо, усовршено од нивниот татко и со нивна посветеност кон зачувувањето на семејните вредности искажани преку виното.

Како новорегистрирана винарија се соочуваат со сите предизвици со кои се редовна појава кај сите млади винари, но веруваат во тоа дека месноста и лозовите насади во ,,Чекоштина,, а воедно и најквалитетното охридско вино ќе излезат на виделина и ќе бидат уште еден знак на распознавање на Охрид.


Ванчо ни раскажа за почетоците на винаријата, за нивните стремежи и нивното вино кое можете да го купите во секој момент од нашата бакалница, или со еден клик ОВДЕ.


Винаријата Стојан и Синови е резултат на семејната традиција која ја оддржува нивниот татко. Интересен е фактот за винаријата (сигурно би им било од значење на оние кои ќе купат вино) дека сите вина кои ги произведува винаријата се од нивни лозови насади, онаму каде што се наоѓа самата винарија.


Денеска тие поседуваат лозов насад со површина од 2500м2 од сортите вранец ,пропупец ,охридско црно, ризлинг, темјаника и охридско бело. Овој регион дава услови за зреење на грозјето во суви и топли лета и благи зими, со просечно количество на врнежи. Уникатноста и префинетоста на виното не се должи само на квалитетна суровина, туку и на количината љубов како состојка која е дел од процесот на производство. Целта кон која се стремат е оддржување на континуиран квалитет на семејното произвоство.


Процесот на производство е во иноксни буриња, а годинава имаат 5000 шишиња, а продаваат и ракија која е комбинација со магарешки трн, жалфија и мајчина душица.

Ванчо вели дека имаат планови за иднина, но пред се е зачувувањето на земејните вредности и квалитетниот живот.

Во Семејната Винарија “С и С” може да се најдат сите артефакти и алати кои служеле за обработка на виновата лоза и производство на вино и ракија, а кои се употребувале од страна на семејството со децении наназад.


Тимот на Кајак.мк ве советува да и дадете поддршка на винаријата „Стојан и Синови“. Купете од нивните вина и подарете им на вашите најблиски за престојните празници. Само така ќе направите среќни да бидат и винарите, вашите пријатели, а ќе му дадете поддршка и на концептот кој го развива Кајак.мк. Виното можете да го погледнете и купите со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Поврзи се со луѓе кои нудат уникатни услуги низ Македонија | Kajak.mk

Откриј ја категоријата „Луѓе“ на Kajak.mk каде се претставени локални поединци што нудат услуги, знаења и автентични искуства низ цела Македонија.

Вештачката интелигенција станува главен помошник при патување

Вештачката интелигенција сè повеќе се користи во туризмот и станува главен помошник при планирање патувања, резервации и избор на дестинации со целосно персонализирано искуство.

Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“

Во Македонија постои рурално сместување кое ќе ве врати во времето на „Македонски народни приказни“.

Вапцување јајца на Велики Четврток – традиција и значење

Откријте ја традицијата на вапцување црвени јајца на Велики Четврток во Македонија – значење, обичаи и совети за здраво и еко-пријателско вапцување јајца.

Велигденско патување полно автентични вкусови и приказни

Доживејте уникатно Велигденско патување со автентични вкусови, локални традиции и незаборавни искуства кои оставаат трајни спомени.

Велигден во Македонија: традиции, автентични обичаи и празнични активности

Истражете како се слави Велигден во Македонија, традиционалните обичаи, локалните специјалитети и активности за незаборавен празничен викенд.