15.08.2023

Вила во Полихроно со базен, мир, тишина и прекрасен поглед кон морската ширина

Вила во Полихроно со базен, мир, тишина и прекрасен поглед кон морската ширина

За они кои не сакаат да се гужват во прв ред на плажа, каде бучавата ви е постојан другар и каде метежот не ви го доловува вистинскиот мир и спокој кој секој од вас го заслужува додека е на одмор, тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања може да најдете вила која ќе ви наполни батериите за цела година.


Апартманскиот комплекс се наоѓа на 1 километар оддалеченост од центарот на Полихроно. Од главниот пат кој води кон Ханиоти се скршнува десно по асфалтиран пат кој води дирекно во дворче опколено со елки, маслинки, лимони и кактуси. (точната локација можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ)


Уникатноста на објектот е тоа што нуди прекрасен поглед кон морската ширина и е опколен со прекрасна природа. Домаќините велат дека нивните гости имаат чувство на совршен мир и спокој дури и во најкомерцијалнот дел на кракот и во периодите на највисоката сезона.


Во дворчето на објектот има базен со поглед кон морето, како и децениски негувана вегетација. Апартманскиот комплекс располага со 12 единици за сместување од кои 6 студиа и 6 апармтани. Објектот се наоѓа на 500 метри оддалеченост од море или 20 минути одење пеш до плажа, на 1 километар е оддалечено од Полихроно и 4 километри од Ханиоти.

Повеќе информации, фотографии како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.