06.12.2022

Го промовирам Oвчеполието преку шише добро вино

Го промовирам Oвчеполието преку шише добро вино

Ако помисливте дека во Македонија вино може да се произведува исклучиво во Тиквешкиот регион, грешите.

Пред извесен период тимот на Кајак.мк ве запозна со една уникатна фамилијарна винарија од прилепско, а денеска сакаме да ве запознаеме со Филип, млад енолог кој има убави стремежи и за нас светла иднина, а кој ни доаѓа од Овчеполието.


Филип е еден од одговорните лица кои стојат позади семејната мала винарија Киево која е регистрирана во 2021 година, година кога ги пласира првите два основни производи- вино од ризлинг и вранец.


Винарската визба Киево е првата регистрирана семејна винарија во Штип. Филип вели дека долгодишната семејна традиција на производство на грозје и вино го поттикнале неговото семејство да направи храбар чекор, а тоа е да го официјализираат името на винаријата и да му дадат печат на долгодишниот труд.


Киево денеска располага со околу 7 хектари сопствени лозови насади од вранец и ризлинг, а лозјата се наоѓаат на околу 300 метри надморска височина. Виното се произведува со минимална интервенција како би ја доловил разновидноста на винските региони во Македонија.


„Историски гледано во нашата фамилија секогаш имало некое буре вино и ракија во подрумот. И покрај преселбата на дедо ми во градот, никогаш не е искоренета традицијата на лозарство и производство на вино. Во 2009-та година го засадивме нашиот прв лозов насад со сортите вранец и ризлинг. Винаријата ја основа татко ми Сашо, а јас сум енологот. Занимавајки се со земјоделство речиси цел живот, од секогаш сме мечтаеле да имаме финален производ. Па за тоа се осмеливме на овој чекор, овчеполското виногорје да го ставиме во шише!“, раскажува Филип за Кајак.мк.


Моментално произведуваат вино исклучиво од сопствени насади, што значи ризлинг и вранец, а особено се горди на вранецот кому Овчеполието му дава посебен карактер.

Процесот на производство е спроведен фамилијарно, од работните обврски во лозјето, па се до затворањето на шишето. Политиката на семејството е да произведуваме вино со минимална интервенција и никаква корекција. Типични за регионот и реколтата. Годишно произведуваат околу 10.000 литри, а вкупниот капацитет е 17.000 литри.


Во иднина планираат интерактивни дегустации кои ќе вклучуваат опционална (препорачлива) посета на лозовите насади (со различни превозни средства како МТБ или пешачење, како би им се покажал патот на виното од лоза до шише. Цел им е да обезбедат простор за дегустација на отворено со прекрасен поглед кон бесконечниот зелен океан на овчеполската житница и планинскиот масив Јакупица (Мокра). Секако дегустацијата на вино оди рака под рака со вкусни деликатеси од домашната кујна.


Винаријата Киево од денеска е дел од нашата ONLINE продавница, а нарачките од дома можете да ги направите со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!