13.02.2024
Организираме искачување по карпи за сите возрасти
Организираме искачување по карпи за сите возрасти
Тимот на Кајак.мк е среќен што отсега преку нашата платформа вие можете да резервирате уште една уникатна атракција, а тоа е искачување по карпи во околината на Матка. Да, добро прочитавте, нашата база со активни тури се надополнува со уште една активност која може да ви го исполни слободниот ден. Информации за турата можете да прочитате со еден клик ОВДЕ.

Денеска ќе ве
запознаеме со Оливер, нашиот нов локален херој кој цели 19 години се занимава
со алпинизам и спортско качување, а како инструктор по спортско качување
започнал пред 7 години кога дошол до знаење дека луѓето сакаат да научат нешто
повеќе и имаат желба да бидат физички активни.
Според Оливер, Македонија е земја која нуди доста можности за ваков тип на спорт. Имаме многу планински и карпести предели ширум државата каде може да се искусат еднодневни авантури.

Локацијата на
која неговиот тим врши обуки за искачување и ги реализира искачувањата е на карпа
која се наоѓа на Матка. До самата локација нема воопшто пешачење.
Искачувањата на карпата траат околу 20 минути од лице. Пред отпочнувањето со искачување се врши основна обука за начинот на искачување, за како да се заштитите при одрон или при лизгање, на што треба да се внимава и најважно од се е како да работите со телото и умот истовремено.

Карпата или вежбалиштето е високо 16 мертри и е со оценка 6а, каде веќе има поставено безбедносно јаже познато како top-rope искачување. Возраста на лицата кои може да се искачуваат може да биде од 4 до 70 години, а не е потребно претходно познавање за top-rope искачување.
Доколку сте заинтересирани за искачување треба да се пријавите како група од најмалку 8 лица. Групата треба да пристигне во спортска облека. На терен групата добива опрема која вклучува специјални патики за искачување од сите броеви до 46-ти број, кацига, карабини, гуртни, торбичка со магнезиум.
Карпата се отвора на пролет и се затвора на есен.
За да ја
резервирате турата кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.