Рекреативно искачување на карпа на Матка

Skopje Цена од:

400.00 ден

Искачување по карпа на Матка идеална активност за сите возрасти без претходно искуство. Доколку сте група поголема од 8 лица испратете ни барање за реализација на една ваква еднодневна активност. Селектирајте го датумот кој вас ви одговара и очекувајте инфо на вашиот мејл.


Вклучено во цена:

  • Цената по лице е 400 денари доколку сте група од 8 лица
  • Доколку сте помала група цената по лице се зголемува
  • Во цената е вклучена претходна обука и опрема

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Тимот кој ја врши обуката и искачувањето има 19 годишно искуство со алпинизам и спортско искачување, а како инструктори се повеќе од 7 години.

Локацијата на која се врши обуки за искачување и се реализираат искачувањата е на карпа која се наоѓа на Матка. До самата локација нема воопшто пешачење.

Искачувањата на карпата траат околу 20 минути од лице. Пред отпочнувањето со искачување се врши основна обука за начинот на искачување, за како да се заштитите при одрон или при лизгање, на што треба да се внимава и најважно од се е како да работите со телото и умот истовремено.

Карпата или вежбалиштето е високо 16 мертри и е со оценка 6а, каде веќе има поставено безбедносно јаже познато како top-rope искачување.

Возраста на лицата кои може да се искачуваат може да биде од 4 до 70 години, а не е потребно претходно познавање за top-rope искачување.

Доколку сте заинтересирани за искачување треба да се пријавите како група од најмалку 8 лица. Групата треба да пристигне во спортска облека. На терен групата добива опрема која вклучува специјални патики за искачување од сите броеви до 46-ти број, кацига, карабини, гуртни, торбичка со магнезиум.

Карпата се отвора на пролет и се затвора на есен.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар