09.12.2020

Запознајте ги македонските ренџери кои ја чуваат Галичица!

Запознајте ги македонските ренџери кои ја чуваат Галичица!

Тимот на Кајак.мк денеска ве запознава со уште еден доста вреден тим кој му оддаваме почит за неговата работа. Во Национален Парк „Галичица“, ренџерската служба е активно вклучена во програмата за долгорочен мониторинг на биолошка разновидност.

Согласно Законот за заштита на природата непосредната (физичката) заштита на природата во националниот парк ја вршат чувари на паркот. Во Национален парк Галичица има пет чувари на паркот. Треба да се има предвид дека и останатите вработени имаат право да регистрираат и забележат/пријават недозволени/бесправни дејствија на територијата на паркот.

Чуварите на паркот имаат задача да ги заштитуваат клучните вредности на паркот кои се состојат од 4 таксони од без`рбетните и 13 од `рбетниците кои се сметаат за глобално загрозени,неколку стотини ретки и заштитени видови во Паркот се претставени со значајни популации. Бројните ендемични видови на Паркот му даваат посебно обележје. Некои од нив се среќаваат само во границите на Паркот, и тоа: 29 таксони од алги, 13 видови васкуларни растенија, 61 таксони од без`рбетните и 4 таксони од `рбетните животни.

Покрај тоа, Паркот го населуваат поголем број таксони кои се среќаваат само во Македонија или Балканот, и тоа: 46 таксони вишите растенија, 97 таксони без`рбетници и 14 таксони `рбетници. Голем е бројот на видови во Паркот кои се силно привлечни и лесно препознатливи за посетителите и локалното население и како такви се основа за развој на туризмот.

Со значајното зголемување на бројот на посетители се зголемува и бројот на “интересни“ настани. Значајно е да се истакне разликата на однесување во паркот помеѓу домашните и странските посетители. Во секој случај, евидентен е растот на јавната свест за потребата од заштита на природата кај сите посетители.

Она што е доста важно е дека тие вршат контрола на сите дозволи за користење, други активности и движење во рамките на границите на паркот, следење на спроведувањето на мерките за заштита од пожари и други природни катастрофи во рамките на паркот како и следење на загадување со разни видови отпад на водите и почвата.

Исто така тие придружуваат групи посетители, обезбедуваат потребни информации. Драго ни е што заземаат учество во активности поврзани со ревитализација на живеалиштата и  дивите видови.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!