27.04.2020
Зошто Кајак.мк сака да и се вратиме на Италија после сето ова...
Зошто Кајак.мк сака да и се вратиме на Италија после сето ова...
Ако има земја која ќе го врати вашиот апетит за патување после сето ова што го преживуваме, тоа дефинитивно ќе биде Италија. Ова прекрасна земја, со извонредна историја и уметкички богатства, преубави пејсажи и заводлива храна.
Во изминатите 15 години ова земја е во фокусот на сите светски туристички агенции.
Причините поради кои треба да и се вратиме на Италија после сето ова се:
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Група жени во Венеција доставуваат храна преку гондола |

©Stefano_Valeri/Shutterstock
1. Релаксирано патување
Во зависност од кој предел во Италија ќе престојувате, имајте на ум дека секое предградие и секое село во Италија се навистина прекрасни. Тоскана е нешто незаменливо. Регионот Ле Марче кој е доста рурален е место каде што можете тотално да се опуштите.
2. Историски градови
Италија е дом на едни од најпривлечните градови во светот. Рим, Фиренца и Венеција се на врвот на листите на патниците, но има уште многу да се избере. Торино, оригиналниот главен град на Италија, е вистински отвор за очи. Стилски, космополитски град полн со палати, брилијантни кафулиња и прекрасна модерна уметност.

Наполи ©Jean-Bernard Carillet/Lonely Planet
На југ пак се наоѓа Наполи. Тоа е сосема друга перспектива за разлика од Торино. Топол, гласен и хаотичен град кој ти го крева адреналинот. Класичната уметност, скулптурите и мозаиците на музејот „ Археологико Назионале“ се импресивни како целата земјата.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Милано ќе го „ремонтира“ патниот систем за да добие повеќе велосипедисти |
3. Антички богатства
Огромната бројка на античките мошти на Италија никогаш не престанува да воодушевува. Места како Помпеја и Колосеумот се само врвот на ледениот бре - низ сета земја се чини дека има „расфрлано“ делови од историјата.
Храмовите на Агриџенто и прекрасните остатоци од вилата на Адријан во Тиволи, се нешто кое ние ви го препорачуваме.

©Valeria Cantone/Shutterstock
4.Вулкани и волци
Италија е дивиот запад во Европа. Освен историјата таа има и активни вулкани. Сицилија е дом на двата најактивни вулкани во Европа. Етна е бисерот на Сицилија. Во близина на северо-источниот брег на Сицилија, малиот остров „Стромболи“, исто така, редовно еруптира, фрлајќи огнени фонтани на лава на небото. Совршено нели?
| ЧИТАЈТЕ ПОЦНА: Кога ќе може повторно да се патува во Италија? |

Планината Етна ©Jonathon Stokes/Lonely Planet
5.Фестивали и локални обичаи
Италијанците се доста лојални на родниот град. Оваа длабоко вкоренета верност на италијански е позната како кампанилизмо (приврзаност кон сопствената камбанарија). Многу градови имаат свои дијалекти, а и многу градови имаат различни фестивали, како и различни кулинарски традиции.

©ROBERTO ZILLI/Shutterstock
6.Јадењето надвор
Една од најголемите радости на патувањето во Италија е романтичната вечера која може да си ја пружите. Нацијата обожава традиционална храна и вино. Во секој град и во секое село има различни специјалитети. Овие традиционални јадења се локална гордост и многу светски гурмани.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Сликите кои покажуваат како коронавирусот ги промени каналите во Венеција
20 карантински форографии од празна Италија!
Околу 90% од граѓаните би отишле на одмор доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.