06.04.2020

Околу 90% од граѓаните би отишле на одмор доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола

Околу 90% од граѓаните би отишле на одмор доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола

На кратката анкета која во изминатиот период ја спроведе нашиот агрегат за патување „Кајак.мк“ се со цел да го слушне размислувањето на граѓаните, констатирано е деке 90 отсто од граѓаните би патувале доколку состојбата со коронавирусот биде ставена под контрола. 

Најчестите причини кои се наведени и поради кои граѓаните би заминале на летување се: Намалување на стресот, одморот покрај море кој е незаменлив, одмор после сите полски работи, бидејќи вреди да се погледне светот, а има и коментари кои велат дека после сето ова што се случуваше со коронавирусот неопходен е одмор. 


Simon Rae

На прашањето кои фактори би имале влијание за да се одлучат на спротивното многумина од испитаниците изјавија дека клучен фактор е пандемијата. Доколку се уште трае тие стравуваат дека нема да појдат на летување, а има и такви коишто одговорија дека можеби финансиите би го одложиле овогодинешниот одмор. 

Размислувањето на лицата коишто одговорија дека нема да летуваат додинава се дека „доколку сите држави во свет и сите организации кажат дека може да се патува, се уште нема да биде сигурно дека сите се излечени. Многу од луѓето може да немаат симтоми а да се заразиле. Премногу е краток период од сега до лето. Треба многу луѓе да се истестираат и да помине 1 месец во карантин на голем број луѓе за да бидат сигурни дека нема нов случај. Временски не е возможно да го снема вирусот до мај / јуни. Другата причина што светот ќе биде во голема економска криза каде што дополнителни трошоци од одмор не се потребни.“, велат испитаниците. 

На прашањето што би било тоа поради кое би го промениле својот став, одоговорот беше дека паниката којашто е создадена кај луѓето влијае на нивната одлука. Еден испитаник вели дека е голем паничар и дека не сака да заради други лица. 


Ethan Robertson

Според наведените одговори, 63,3% од испитаниците одговориле дека летуваат во Грција.
23% од испитаниците одговорија дека веќе имаат резервирано летен одмор. 

COVER PHOTO:  Jakob Owens

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Произведуваме 100% природно масло од лешник и путер од лешник

Приказната на Билјана и Сашо и нивната заложба да произведуваат здраво природно масло од лешник и путер од лешник од денеска е дел од балаклницата на Кајак.мк

Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај

Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.

Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!

Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.

Јануарски тим билдинг со уште една снежна АТВ авантура

Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.