24.10.2020

Планината Крчин: Идеална за планинарење со лиценцирани водичи

Планината Крчин: Идеална за планинарење со лиценцирани водичи

Разгледувајќи што да ви споделиме денеска, се сетивме на Крчин. И покрај тоа што не сме биле на ова планина, апетитот да ја посетиме ни го даде Мартин Димитриевси, кој е автор на фотографијата која е на насловна. Преуба нели? 

Една од поубавите планини во Македонија е дефинитивно Крчин. За тие кои немаат слушнато за неа, ова планина се наоѓа во Западна Македонија и Албанија. Таа е на некој начин продолжение на планината Дешат и е дел од големиот венец составен од Шара, Кораб, Дешат, Крчин, Стогово и Караорман. На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил кој може да се најде само на ова планина. 

На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.

„Планината е добро покриена со шуми. Во најголемиот дел од шумите преовладува буката, од која во голем број се забележуваат и доста стари стогодишни дрвја. Во помал број се среќаваат и борови, смреки, јасики, планински јавор и брези. Од другите видови на растенија и од оние кои даваат шумски плодови широко распространети се боровинката, малината, капината, шипинката, планинскиот чај, ајдучката трева, киселецот, а папратот во голема мера е застапен на цели ливади и предели. Од растителнојадните цицачи ги има еленот, дива свиња, срна, дивокоза. Од ѕверовите се среќаваат мечка, волк, рис, лисица. Има и повеќе видови птици“, пишуваат planinarskipateki.mk на својата интернет страница. 

ФОТОГРАФИЈАТА Е ДЕЛО НА:  travel_and_discover_macedonia

На нивната страница стои дека на Дешат почиваат неколку мали леднички езера, меѓу кои најпопуларно е Локув. Ова езеро се вбројува во најниските леднички езера во Македонија, а сместено е во североисточниот дел на планината на надморска височина од 1.560 метри.

Врвот е Голем Крчин, до кој како што пишуваат planinarskipateki.mk се тргнува од село Битуше по широка патека, а потоа патеката води низ шумски предели. Во правец на сртот се наидува на карпест појас со ширина од неколку десетини метри, за чие заобиколување е потребно доста време. Понатаму откако ќе ја заминете шумата теренот е тревнат и се оди по него во правец југозапад. Откако ќе пристигнете до седлото, преку еден помал врв се искачува Голем Крчин.

Искачувањето на врвот не ви го препорачуваме без организација од страна на планинарските друштва, планинарски лиценцирани водичи кои ја владеат планината. Но, сепак, во нашите текстови има нешто што може да го направите и сами. А тоа е да го посетите село Битуше. Ова мошне интересно село според својата местоположба и развиток се наоѓа во областа Долна Река, во југозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, чиј атар се издига на источната падина на планината Дешат, каде што се допира со државната гранична линија со Албанија. Тоа е сместено во кањонскиот дел на реката Радика, од нејзината десна страна. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 954 метри. 

АВТОР НА ОВА ФОТОГРАФИЈА Е: КИРИЛ СТОИМЕНОВСКИ

Во селото Битуше според евиденцијата во Регистарот на културно наследство на Управата за заштита на културното наследство на Македонија (УЗКН) прогласен е еден објект како споменик на културата и со тоа за културно наследство на Македонија, а тоа е Партизанска печатница „Гоце Делчев“ — прва илегална партизанска печатница во Македонија, која работела во периодот ноември 1942 до јуни 1943 година. Инфо: wikipedia


НАША ПРЕПОРАКА: 

Вила на Шапка идеална за дожд и есенска бура



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.

Ново на kajak.mk: Планинска вила со природен базен во срцето на Кожуф

Вила Кожуфски на планината Кожуф нуди современо планинско сместување со природен базен, билијард и Netflix кино искуство, идеално за семејства и мали групи во мирна природна средина.

Викенд дестинација што мора да ја видите: Лазарополе и Фестивалот на нарцисот

Овој викенд откријте една од најубавите планински дестинации во Македонија – Лазарополе на Бистра, каде цвета фестивалот на нарцисот и природата изгледа нереално.

Неделно откритие од Македонија: Спомен-костурницата во Велес како симбол на меморијална архитектура

Ова неделно откритие нè носи во Спомен-костурницата во Велес – монументален меморијален комплекс и пример на модернистичка архитектура што ја чува историјата на НОБ.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.