13.09.2021

Сместување на Пониква кое сведочи за најубавото зајдисонце

Сместување на Пониква кое сведочи за најубавото зајдисонце

Ни доаѓаат месеците кога планината ќе ја добие сета своја слава. Последните денови од летото ги испраќаме користејќи го максимумот на сонцето кое не храни со витамин Д.


Но тоа не значи дека добро сонце не може да начекаме и во текот на есента и зимата. Напротив, денеска ќе ве запознаеме со едно доста уникатно сместување на Пониква кое е дел од нашата база на приватни сместувања, а кое сведочи за прекрасните зајдисонца и уникатниот поглед од дворот во кој може да уживате во текот на целиот ден.


За повеќе од вас „Апартмани Костески“ се веќе добро познато сместување кое може да го резервирате преку Кајак.мк со еден клик ОВДЕ.

Објектот се наоѓа на надморска височина од 1580 метри на Пониква, за која честопати знаеме да кажеме дека е планина на која може да поминете скромен одмор со скромен буџет.


Пониква располага со многу убава природа, чист воздух, ски патеки, велосипедски и пешачки патеки, ресторани со вкусна храна. Во склоп на објектот има детско катче со лулашки, убава голема тераса која е достапна за сите гости со поглед кон прекрасно зајдисонце, можност за голема дружба, скара и огниште покрај кое може да се седи и ужива. Дополнително вклучена е и заедничка просторија за дружба во зимно време опремена со два Smart телевизори, кафемат, комплетно опремена кујна со шанк која гостите може да ја користат за подготовка на топли пијалоци.


Објектот располага со 12 апартмани ( 6 мали и 6 големи ). Малите апартмани располагаат со брачен кревет и гарнитура на пуштање во дневната соба. Големите апартмани располагаат со една соба со брачен кревет, една соба со два единечни кревети и гарнитура на пуштање во дневната соба.  Сите апартмани располагаат со сопствен тоалет и кујна комплетно опремена со кујнски прибор.Пушењето внатре во апартманите е забрането, дозволено е надвор на терасите и околу објектот.

Сигурно сте заинтересирани за повеќе информации, фотографии и контакт за резервација? Доколку сакате повеќе инфо кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!