31.05.2022

Даваме поддршка на локалните занаетчии преку секој тим-билдинг

Даваме поддршка на локалните занаетчии преку секој тим-билдинг

Тимот на Кајак е сведок за одличната колегијална синергија која ја имаат вработените на Avicenna4IT, компанија која изминатиот викенд беше дел од нашите друштвени тим-билдинг патувања.

Среќни сме што уште една компанија веќе е дел од еко фамилијата на Кајак, а која преку тоа што ни се препушти во наша организација на целодневното патување, донираше нови 300 дрвца за пошумување во есенската сеидба. Што значи дека со нив ќе имаме прилика да се дружиме повторно на есен.


Покрај фактот што компанијата донираше средства за пошумување, воедно даде топла поддршка на нашите локални херои за кои умееме да кажеме дека прават мали нешта од огромно значење за равојот на туризмот.

Нашето прво застанување беше во Кавадарци, каде го посетивме атељето Зингибер, за нивната работа и за прекрасната фамилија Милеви имаме пишувано во нашата рубрика „Наши приказни“ која можете да ја прочитате еден клик ОВДЕ.


Ваквите посети на локалните занаетчии претставуваат добитни комбинации како за компаниите, така и за развојот на локалното занаетчиство.

Вработените на Avicenna4IT имаа можност да ја слушнат приказната за развојот на резбарството кај оваа семејство, да погледнат како се резбари и да ги пробаат основните чекори на резбарството.


Ручекот ни го подготви тетка Мина, домашна храна, подготвена со многу љубов.

Втората попатна станица ни беше винаријата „Квин Марија“ во Демир Капија, каде имавме можност да се запознаеме со приказната на винаријата, да ги посетиме едни од најстарите буриња во Македонија и да дегустираме разни вина произведени под кровот на винаријата.


Ние сме среќни што успеавме да испишеме уште една позитивна приказна, за која се надеваме дека ќе биде репер на многу компании.

Avicenna4IT, добредојдовте во нашето еко-семејство. Повеќе фотографии можете да погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?