26.02.2020
Основни информации за Египет
Основни информации за Египет
Египет зафаќа површина од околу 1.020.000 км² Египет го вклучува Синајскиот Полуостров (кој обично се смета за дел на југозападна Азија), додека поголемиот дел од земјата се наоѓа во Северна Африка. Египет се граничи со Либија на запад, Судан на југ, Израел на североисток. На север излегува на Средоземно Море, а на југ на Црвено Море. Мнозинството во Египет ги населува бреговите на реката Нил (околу 40.000 км²). Големи делови од земјата се дел од пустината Сахара и се многу ретко населени. Главен град на Египет е Каиро. Има околу 75.000.000 жители.

Службен јазик кој се користи во Египет е арапскиот јазик. Стандардниот книжевен арапски јазик го разбираат само високо образованите луѓе. Нубијците се служат со стариот јазик. Берберскиот јазик се употребува во неколку населени места во оазите на западната пустина. Христијаните говорат на коптскиот јазик, на кој се служат и православните црковни литургии.
Според пописот на населението од 2003 година, Египет има 74.718.797 жители. Просечната густина на населението е 75/км². Како еден податок, Египет во 1976 година имал 36.626.204 жители што означува дека многу брзо се зголемува наталитетот на населението.
Етнички состав: Египќани 98%, Нубијци 0.8% и други.

Поради различните расни структури на староседелците во Египет, во денешно време причината за употреба на различни јазици е и во религиозните групи кои постојат во оваа држава. Многумина Египќани се директни потомци на древните Египќани, популација која била населена во североисточниот дел на Африка. На овие простори со доаѓањето на Арапите се воведува и нова религија - ислам. Арапските доселеници започнале да се мешаат со староседелците, стапувајќи во брачни односи. Денешните жители на Египет исто така водат потекло и од Римјаните, Грците и Турците од времето на нивното владеење со Египет. Одвоена староседелска група Нубијци живееле во северен Судан и јужен Египет. Денес оваа популација главно е концентрирана во Асуан и Каиро. Владата на Египет не ги признава како посебна етничка група. Мал број на Грци, Италијанци, Евреи се претопиле со домашното муслиманско и христијанско население.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!