15.08.2022
Нашата семејна винарија во село Пепелиште го прави ова селце атрактивно за посета
Нашата семејна винарија во село Пепелиште го прави ова селце атрактивно за посета
Тимот на Кајак.мк им се восхитува на малите семејни винарии кои вложуваат многу труд и љубов во работењето. Отсекогаш сме зборувале дека малите винарии имаат душа, а луѓето кои стојат позади нив се достапни за секој гостин и посетител кој ќе сака да ја слушне приказната за винаријата, а ќе сака да научи и за процесот на производство на вино.

Денеска ве водиме во село Пепелиште, село во општина Неготино, на само 3 километри од автопатот Скопје- Атина. До селото можете да пристигнете брзо и едноставно. При самиот влез во селото ќе наидете на патокази на кои пишува „Винарија Максимилијан“.

Оваа мала семејна винарија е резултат на долгата производствена традиција
од три колена, а својата официјалност ја добива во 2019-та година кога до измените
на законот за вино и можноста за регистрација на мали семејни винарии, ова винарија
го добива својот официјален потпис.
Тимот на Кајак.мк разговараше со Ивица. Човекот кој ја продолжува традицијата на својот прадедо. Денеска неговата семејна винарија „Максимилијан“ има прекрасен простран двор и прекрасно изградени простории веднаш до неговиот дом кои му овозможуваат континуирано следење на виното.

Ивица вели дека располагаат со сопствени лозови насади од 1,5 хектар, кои се наоѓаат во чиста еколошка средина од левата страна на реклата Вардар, а на површината може да се најдат сорти како: Рајнски ризлинг, бела Смедеревка, Вранец и Кабарне Франк од црвените сорти.

Денеска, семејната винарија е дел од здружението „Тиквешки семејни винарии“, а истата произведува шест видови вино и тоа: Вранец „Икон“ и Кабарне Франк „Максимилијан“ од црвените вина, додека пак од белите се произведува Темјаника „Нест“, Совињон Блан „Бела“, Шардоне „Пепелиште“ и Рајнски ризлинг „Ада“.

Во моментот капацитетот на винаријата е 5000 литри или 6500 шишиња вино секоја година. Ивица вели дека неговото семејство е особено гордо на барик линијата Шардоне и Вранец кои одлежуваато во американски и унгарски дабови буриња и својот потенцијал треба да го покажат во 2023-та година.

Сето вино се произведува со современа опрема од Италија, а за производство
на вино се користи најквалитетно грозје, од кое се користи само сокот со цедење
од гроздот во ферментатор или народска кажано „самоток“ од кој се исцедува само
најквалитетната шира.
Ивица не е сам во производството. Од помош при берба и обработка се сите членови на семејството, од дедо до внук, а секој си има своја задача. Овде е и стручното лице енологот кој врши редовни проверки во месецот се со цел обезбедување квалитетно вино.

Виното од винарија „Максимилијан“ може да се најде во неколку ресторани во Неготино и Демир Капија, како и во винските соби во Кавадарци и Неготино, кои се специјализирани за вина од семејните винарии, а Ивица се надева дека наскоро ќе може да понуди вино низ цела Македонија.

Што се однесува до посетители и гости во винаријата, овде честопати може да се забележат групи странски туристи кои најмногу уживаат во Вранецот, а за која сорта тврдат дека е многу комплексна кога е преработена во виното и самата негова јачина ги привлекува. Досега, секој што ја посетил винаријата, не заминал без да купи шише Вранец.

Винаријата е горда и на Кабарне Франк „Максимилијан“ за кој има добиено признание на балканско натпреварување BIFC, кој е доста елегантен и лесен за пиење и за мажи и за жени.

Во склоп на винаријата има просторија за дегустација на вината кои се произведуваат,
каде може комотно да присуствуваат до 10 лица. Уредена е во рустикален стил, а самата
просторија им нуди на групите приватност и одлична атмосфера за уживање.
Доколку сакате да стапите во контакт со Ивица и да ја погледнете точната
локација на винаријата, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!