07.09.2022
Филигранството ми отвори еден нов свет без монотонија
Филигранството ми отвори еден нов свет без монотонија
Позитивните
приказни кои ги објавува Кајак.мк а кои се поврзани со луѓето во Македонија ги
има многу.
Денеска ќе ја
надполниме нашата листа со приказната на Ана Славковска која за себе вели дека
е истражувач на филигранот од срмен конец, ентузијаст кој сака да ги криши
досегашните правила на техниката и основач на „Ателје за филигран од срмен
конец Ефимина Филигран“.
Ана вели дека со занаетот се здружила пред 4 години. Но додава дека пред да започне со изучувањето на техниката, имала чувство дека оваа професија ја привлекува и дека ќе ја работи во иднина. Со започнувањето на пандемијата, Ана имала повеќе слободно време и ваквите околности ја поттикнале да гледа на занаетот како можност за финансиска сигурност.

Дополнителен
поттик и била монотонијата од веќе понудените производи на пазаот, за кои како
што вели, забележувала дека се повторуваат и се изработуваат на сличен начин со
недосиг на оригиланост.
При самото започнување, Ана направила листа на мотиви кои традиционално се изработуваат во филигранството со срмен конец. Желбата да вметне нешто ново во нив и се остварила со спојување на елементи од Zentangle и Doodle Art правците.

Нејзините први
мотиви се пеперутката "Бута" и бувови, а при креирањето на мотивите секогаш се водела тие да бидат автентични, авторски пред сѐ и
целосно завршени. Особено внимание
посветувала на мотивите да не
се изработуваат и со златен и
со сребрен конец.
Секој занаетчија вложува труд и време во создавањето на едно дело. Ана вели дека процесот зависи од сложеноста на мотивот. Прв чекор е осмислувањето на дизајнот, па потоа следува обезбедување материјал и изработка. Ваквиот процес може да трае од месец до 6 месеци, а како пример за долг процес на изаботка го истакнува „Слончето“.

Создава неколку верзии и потоа го прочистува. Изработката вообичаено е од 1 час до 9 часа. Техниката се учи лесно, но финесите за да се добие финалниот производ се откриваат со самата изработка. Кај некои мотиви битна е подлогата од лепило, бидејќи кај некои потребно е да се направат добри споеви на почетокот и крајот на конецот. Крајниот чекор е изборот на рамка која е многу важна во презнтацијата на мотивот.

Во кратки црти: потребно е срма, лепак моден картон. Дизајнот се пренесува со индиго на картонот, на контурите се нанесува лепак и се аплицира конецот.

Ана вели дека можеби
е од навика кај луѓето но,
најбарани се пеперутките. Всушност и кога им презентирала на купувачите што изработува, во моментот кога ќе ја спомене пеперутката на
сите им е јасно што би сакале да купат.
Повеќе за работилницата
и ателјето на Ана можете да најдете на фејсбук страницата „Ателје за срма
Ефимија Филигран“ а нејзините дела во крижарницата „Хартија ПС“ во ТЦ Лисиче.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?