05.06.2021
Се заљубив во копаничарството, професија која бара љубов и внимание
Се заљубив во копаничарството, професија која бара љубов и внимание
Кога природата и религијата ќе се
сретнат, се добива Македонија. Без разлика дали сте љубители на активниот
туризам, дали преферирате планинарење, пливање или пак кампување, во Македонија
со сигурност ќе се сретнете со некој религиозен објект при вашето патување.

Странските туристи ја знаат Македонија
како религиозна земја со многу цркви, манастири, џамии и ред други објекти кои
домашното население им дава огромно значење. Секој објект си има своја
приказна, а покрај приказната, за секој објект се погрижиле вештите раце на
уметниците кои му даваат душа на секој објект.

Целивална за Чудотворна икона на Пресвета Богородица, црква Св.Богородица Битола
Денеска, ве запознаваме со Јане Крстески, човекот кој со години наназад создава дела кои немо раскажуваат приказни и красат доста објекти ширум европа. Јане е наш нов локален херој кој од денеска е дел од нашата листа на луѓе кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот. Јане е роден во Битола, овде завршува средно образование, а магистрира на Националната академија за ликовна уметност во Софија, во насока- резбарство.

Тој ни раскажува дека уште како мал бил заљубен во уметноста. Се одлучил да членува
во повеќе ликовни секции и учествува на многу конкурси. Јане се посветил на копаничарството. Со ова уметност се занимава од далечната
1990-та година. Чекори по патот на својот татко Злате Крстески е долгодишен поранешен претседател на „Здружение на копаничари на Македонија“. Денеска, има регистрирано свое
копаничарско ателје, именувано како „МАКЕ“ каде изработува професионални
копаничарски дела наменети за разни објекти.

Со синот Петар пред иконостасот во „Етно село- Куманово“
„Јас сум самостоен уметник копаничар.
Овој статус ми го додели Министерството за култура на Република Македонија. Во
септември 2014-та година го монтирав иконостасот во Соборниот Храм на
Европската Епархија- Св. Наум Охридски во Малме чија процедура траеше цели две
години“, вели тој.

Пред иконостасот во манастир Св. Јоаким Осоговски- Крива Паланка
Горд на својот успех во Малме и на
фактот дека многу туристи се воодушевиле од неговата работа, Јане продолжува да
твори со полна пареа. Како еден од значајните дела кои ги има изработено, го
истакнува ковчегот во кој е пренесена делкларацијата за независноста на
Р.Македонија од Собранието во „Музеј на македонска борба“.

Владички трон, Св Богородица, Скопје
Неговата умешност му помогнала да твори користејќи
разни техники и да создава уникатни копаничарски дела. Покрај сето ова,
фокусиран е на иконостасите. Досега има изработено 24 иконостаси кои красат
доста цркви и манастири.

Јане додава дека процедурата за
изработка на едно копаничарско дело не е едноставна. Се започнува со изборот на
материјал кој најчесто е ореово дрво, а потоа следува идејата за тоа што ќе биде
дизајнирано. Со подготовка на димензијата и цртежот, започнува грубата
обработка на резбата и формирање на елементите се до крајната фаза на обработка
со тонирање и премачкување со заштитни премази.

Фотографија со татко му Злате Крстески со елементи за иконостас за Австралија
Toj е член на претседателството на „ЗКМАК“, член на редакцискиот одбор на списанието Копаничар, а има учествувано на 62 групни изложби и 32 копаничарски колонии во Македонија и странство. Преку своето ателје се претставил со 12 самостојни изложби. Своите трудови од областа на копаничарството ги издава во списанието Копаничар, а во 2002-та го издава првиот учебник за копаничарство во Македонија.
Моментално работи на 4 проекти и тоа иконостасот за Македонска Православна црква Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд, Германија. Иконостас во манастирот Св. Преображение Зрзе, иконостас во Св. Стефан во село Гнеотино- Битолско и комплет црковен мебел за Црквата Св. Никола во Крушево.
Него може да го контактирате на телефонскиот број: 070 730 433 или на [email protected]
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Младите Никола и Даниела успешно ја промовираат македонската кујна ширум Англија
Младите Никола и Даниела успешно ја промовираат македонската кујна ширум Англија
Водици во Македонија: Прослава на еден од најголемите христијански празници
Водици во Македонија е еден од најголемите христијански празници. Прочитајте за традициите, обичаите и духовното значење на Богојавление.
Кафуле што ретко се среќава – ново место во Битола што освојува со идеја
Кафулето Пионерски од денеска е препорака на Кајак.мк. Овој простор нуди внимателно одбрани книги за читање и купување, пријатен амбиент за тивко уживање или разговор.
Скопје, Македонија – Зошто овој потценет град е најмирната и најдостапна европска дестинација
Откриј зошто Скопје, Македонија е една од најмирните и најдостапни европски дестинации. Автентична култура, богата историја, вкусна храна и природа на чекор од градот.
Македонија – скриен бисер на Балканот само три часа од Велика Британија
Откријте ја Македонија – планини, езера, историски манастири и културни атракции само три часа од Велика Британија. Персонализирани тури и сместување на kajak.mk.
Вевчански карневал – магијата на традицијата во Македонија
Искусете ја магијата на Вевчанскиот карневал – традиционални маски, музика, улични перформанси и културни обичаи во Македонија.