24.05.2021

Престојувајте во стариот град на Охрид со поглед од милион долари

Престојувајте во стариот град на Охрид со поглед од милион долари

Топло денеска, нели?

Топлото време ни најавува добра летна сезона, а со тоа ви најавува дека време е да го органзирате вашето летување. Тимот на Кајак.мк е среќен што базата од приватни сместувања во кои може да го поминете одмор се кити со најубавите сместувања во Македонија. Драго ни е што се повеќе домаќини на вили и апартмани се отворени за да ја раскажат својата летна приказна на Кајак.мк.

Денеска ви ја пренесуваме приказната за вила „Сарај“ која се наоѓа во стариот прекрасен дел на Охрид, а од каде има поглед од милион долари. Виновници за прекрасниот поглед се домаќините Марија и Ристо, кои се познати по одличните оценки за нивното гостопримство. Со кафе на маса и поглед кон езерото, домаќините ни ја раскажаа историјата на вилата и љубовта која ја посветиле во работењето.

Госпоѓата Марија вели дека туристите доаѓале кај нив пред се поради прекрасната местоположба. Нивната вила се наоѓа во срцето на стариот град кој значи историја. Почнувајќи од значајни историско- културини знаменитости во Охрид, па се до плажата Канео, рестораните и кафулињата.

Марија вели дека вилата е во непосредна близина на црквата Св. Климент, Плаошник и античкиот театар. Над самата вила има борова шума, која е идеална за утрински прошетки, медитирање и уживање во тишината.

Господинот Ристо дополнува дека самата вила има прекрасен зелен двор кој им овозможува на гостите да уживаат и да разменат по некој лаф за културата на градот. Кога сме кај културата на Охрид, треба да ставиме акцент на тоа дека вилата се наоѓа во непосредна близина на античкиот театар, црквата Св. Софија, сцената Долни Сарај каде што се оддржуваат дел од настаните од „Охридско лето“ и каде може да се проследи репертоарот од врвни музички и театарски изведби.

Според оценките од гостите, може да забележиме дека гостопримството на новите домаќини кои се дел од базата на Кајак.мк е на одлично ниво, а веднаш потоа следува прекрасниот поглед кон исток, а кој нуди прекрасни изгрејсонца.

Освен разгледот на стариот град, гостите може да појдат на екскурзија со брод од пристаништето кое се наоѓа на 10 минути пешачење од вилата. За љубителите на планината, на само половина час пешачење се наоѓаат обележани планинарски патеки на Петрино, а националниот парк Галичица е на 30 минути со автомобил.

Повеќе информации за вилата Сарај, фотографии, цени и контакт за резервација, може да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија