24.05.2022
На нашите гости им овозможуваме да ја вкусат приказната за Кораб Трница
На нашите гости им овозможуваме да ја вкусат приказната за Кораб Трница
Повеќе од една година комплексот „Кораб Трница“ е дел од
светот на Кајак.мк. Нашиот тим е среќен што домаќините на комплексот покажаа
огромен интерес за да бидат дел од една нова ера на туризмот во Македонија која
промовира здрав, активен и автентичен туризам.

Дел од нашите патувачи веќе го имаат посетено ова уникатно гастрономско сместување, а за оние кои се уште не слушнале за „Кораб Трница“ денеска ќе ја имаат таа прилика да се запзнаат. Комплексот „Кораб Трница“ располага со сместувачки капацитети, ресторан, сала за деловни состаноци, лоби и сопствена продавница за: млечни и месни производи, слатко, мед и вино.

Многу фамилии го поминуваат викендот овде, пред се заради детското игралиште на кое има разни реквизити и детски велосипеди кои им овозможуваат на децата да бидат физички активни. За возрасните пак, комплесот нуди бесплатно користење на велосипедите и риболовната опрема. Кораб Трница располага со сопствени коњи, па оттука може да ви се организираат почетни часови за јавање коњи.

Самиот наслов говори за тоа каде се наоѓа сместувањето, а
тоа е селото Трница. До ова село се пристигнува по патот кој води од Маврови
Анови до Дебар. За селото се вели дека е доста историско во областа на Горна
Река. Во селото можете да го посетите споменикот на паднатите борци од НОБ од
овој крај. Со реновирањето на комплексот, изградени се неколку пешачки патеки
околу него се со цел на госитите да им се овозможи целосно уживање во
природата.

Приказната за брендот „Кораб Трница“ започнала уште од
далечната 1945 година кога се создаваат надалеку познатите традиционални
производи како што се „кораб кашкавал“, „трничко сирење“ и „трничко кисело
млеко“.
Во 1974 година е создаден и ресторанот Кораб Трница кој подоцна бил надополнет со сместувачки капацитети. Од 2015 година се враќа сјајот на Брендот кога започнува процесот на инвестици. Комплекс Кораб Трница има своја историја која се негува и надоградува низ годините. Тежиштето на се е природата. Од нејзе произлегува вкусот и квалитетот на Кораб Трница производите и традиционалните специјалитети од ресторанот.

Она кое нам ни се допаѓа е момоентот дека домаќините на „Кораб Трница“ ја негуваат традицијата но истовремено нудат и модерна соодржина, а сместувањето е адаптирано да одговори на потребите на секој патник.

Она што ќе го истакнеме е моментот дека покрај фамилијарните
апартмани, апартманите за поголеми друштва, комплексот има изградено романтични
планински куќарки за парови, а има уредено и простор за кампување.

На почетокот на нашето четиво споменавме дека „Кораб Трница“ е гастономско сместување, за нас поимот „гастрономско сместување„ е нов модифициран поим кој укажува на тоа дека сместувањето нема да ве остави да си заминете гладни. Тука се организираат разни презентации и дегустации на сирењата и кашкавалите кои што се произведуваат, а комплексот има и целосно реставриран ресторан со автентичен изглед и градба од 1976 година каде се служи традиционална храна, меѓу која најпознат е качамакот кој е симбол на ресторанот и се подготвува по стариот рецент на овчарите од Кораб Трница. Истиот се служи со овчо кисело млеко или со „кораб кашкавал“ и „трничко сирење“ и за многумина од гостите претставува вистинско кулинарско задоволство.

Овде можете да најдете и рекански пити со зелка, праз, спањак
и со тиква, потоа одлично приготвено јагнешко, јарешко, телешко и пилешко месо,
риба и многу други јадења.
Сигурно сакате повеќе фотографии, информации за сместувањето
и контакт за резервација? Доколку сакате да повеќе инфо кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.