25.06.2024
Запознајте го Кристијан Алчинов: Дете кое ја сака наследната работа од неговиот дедо
Запознајте го Кристијан Алчинов: Дете кое ја сака наследната работа од неговиот дедо
Денеска времето ни е сончево, но не е до толку многу жешко. Затоа одлучивме да ве одведеме до Гевгелија, каде во самото предградие на градот се наоѓа пчеларска фарма на Кристијан, со назив „Алчинов“. Кристијан е домаќин кој верувајте дека ја сака својата работа, вљубеник во природата и во Кожуф планина, за која вели дека е неговиот втор дом.

Кристијан ја развива приказната за апи центарот „Алчинов“ кој е во склоп на истоимената пчеларска фарма која е аманет од неговиот дедо.

Ние заедно со компанијата Singular, кои се верни поддржувачи на локалните херои кои ги споделуваме на Кајак.мк, бевме во посета на фармата. Кристијан не дочека со еден куп информации поврзани со животот на пчелите, ни раскажа за нашата македонка-пчелка, а имавме прилика да дегустираме разни медени специјалитети кои се произведуваат на самата фарма.

Додека пчелите си ја вршеа својата работа, ние имавме можност да ги посетиме апи коморите, како и да искусиме кратка апи терапија. За оние кои се заинтересирани за апи терапија, треба да имаат предвид дека ваквата терапија трае подолго од вообичаена туристичка посета, но дефинитивно би се вратиле повторно.

Ние веќе сме пишувале за Кристијан и драго ни е што неговата приказна постојано се развива. Кајак.мк ќе биде поддржувач на неговата млада приказна, а сигурни сме дека ќе ја посетиме повторно со уште многу групи.

Повеќе информации
за пчеларската фарма можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Nace Todorov
27.06.2024 23:23
Jas sum vas zadovolen klient so prekrasno iskustvo bidejki so nekolku terapii osetiv podobruvajne, I moeto iskustvo go raskazuvam na mnogu lica. Zatoa toplo ve preporacuvam na site.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!