18.07.2021

Дрвена куќичка со прекрасен панорамски поглед кон Охрид и езерото

Дрвена куќичка со прекрасен панорамски поглед кон Охрид и езерото

За Кајак.мк не постои лош ден или лош термин за патување и престој на уникатни места во Македонија и надвор од неа. Кога веќе зборуваме за уникатни сместувања ја имаме предвид и ова дрвена куќичка која нуди феноменален поглед кон Охрид и Охридско езеро.


За да престојувате во неа не ви е потребно многу. Ви треба автомобил, велосипед или добра кондиција за да пристигнете пеш до неа, а она што ќе го доживеете внатре е приказна сама по себе.

Денеска ве запознаваме со домаќинот Јордан, чиј дом се наоѓа во близина на селото Рамне или на 890 метри надморска висина.


Ова дрвена куќичка е сместена во пределот на националниот парк Галичица, а е идеален за парови кои бараат бегство од јавноста или пак да љубители на активниот туризам кои се неразделни од својот велосипед. За патувачите кои ќе се одлучат да ја посетат куќата со автомобил треба да имаат предвид дека регионот е прекрасен за истражување, што значи дека наш совет е да го остават автомобилот на мирување пред самиот објект.


Соседните вили се наоѓаат на околу 200 метери, а позицијата на вилата е идеална за пешачење и велосипедизам кон селото Рамне и прошетка по патеката која ги поврзува селата Рамне и Велестово. Ова патека е исто така идеална за Off-Road велосипедизам.


Знаеме дека сте љубопитни за повеќе информации, затоа за да ги погледнете сите фотки, информации за сместувањето како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.