18.07.2021

Дрвена куќичка со прекрасен панорамски поглед кон Охрид и езерото

Дрвена куќичка со прекрасен панорамски поглед кон Охрид и езерото

За Кајак.мк не постои лош ден или лош термин за патување и престој на уникатни места во Македонија и надвор од неа. Кога веќе зборуваме за уникатни сместувања ја имаме предвид и ова дрвена куќичка која нуди феноменален поглед кон Охрид и Охридско езеро.


За да престојувате во неа не ви е потребно многу. Ви треба автомобил, велосипед или добра кондиција за да пристигнете пеш до неа, а она што ќе го доживеете внатре е приказна сама по себе.

Денеска ве запознаваме со домаќинот Јордан, чиј дом се наоѓа во близина на селото Рамне или на 890 метри надморска висина.


Ова дрвена куќичка е сместена во пределот на националниот парк Галичица, а е идеален за парови кои бараат бегство од јавноста или пак да љубители на активниот туризам кои се неразделни од својот велосипед. За патувачите кои ќе се одлучат да ја посетат куќата со автомобил треба да имаат предвид дека регионот е прекрасен за истражување, што значи дека наш совет е да го остават автомобилот на мирување пред самиот објект.


Соседните вили се наоѓаат на околу 200 метери, а позицијата на вилата е идеална за пешачење и велосипедизам кон селото Рамне и прошетка по патеката која ги поврзува селата Рамне и Велестово. Ова патека е исто така идеална за Off-Road велосипедизам.


Знаеме дека сте љубопитни за повеќе информации, затоа за да ги погледнете сите фотки, информации за сместувањето како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Вила со базен и раскошен двор во околината на Скопје

За оние кои работат он-лајн и имаат простор за движење низ државата, наш предлог е да се преселат овде на одреден период, а доколку имаат домашни милениче треба да имаат до знаење дека овде може да го понесат и своето милениче.

Планинска вила со базен во која секој мора да престојува!

Вилата се наоѓа во село Бигла. Сместена во село од разбиен тип со лесно пристапен асфалтен пат. Вилата располага со отворен базен идеален за разладување во летните периоди.

Вила на Беровско езеро идеална за цело друштво

Исто така, ова шармантна вила дозволува влез на домашни миленици, што ќе ви го збогати вашето патување со нови спомени со вашето домашно милениче.

За првпат во Македонија: Дрвени бунгалови со базен во село Стрезовце

Базенот е со димензии од 12x6, а покрај базенот има и летниковец со фурна и скара за максимално уживање на гостите.

Дали сте ја посетиле винаријата Queen Marija во Демир Капија?

Винаријата има свои сместувачки капацитетити за оние кои сакаат да останат на подолг период. Во самото дворче има високи дрвја кои обезбедуваат сенка во зеленото дворче.

Дали сте го посетиле рибниот ресторан Riverside на реката Треска

Ентериерот е автентичен на ресторанот. Менито е богато со локални специјалитети и риба. Музиката е пријатна и идеална за амбиентот и просторот.