25.03.2020

Шведска без ограничувања за населението, ќе создава „колективен имунитет“

Шведска без ограничувања за населението, ќе создава „колективен имунитет“

Додека светот ја продолжува битката со корона вирусот, државите се изолираат и преземаат се построги мерки за заштита на граѓаните, многу полемики во јавноста отвори лежерниот пристап на шведските власти, стои на Канал5.

За разлика од повеќето земји од ЕУ – вклучително и нејзините нордиски соседи Данска, Норвешка и Финска – Шведска не воведе построги наредби за ограничувања на движењето и социјално растојание. И покрај тоа што до вчера регистрираа 2272 инфицирани лица со коронавирус, а 36 лица досега починаа Шведска моментално е единствената земја во која градинките и основните училишта се отворени, како и продавниците,  рестораните и баровите, пишува Канал5.

Средните училишта и универзитетите изведуваат он-лајн настава, а забранети се јавни собири со над 500 луѓе. Властите препорачаа луѓето над 70 години да го ограничат контактот со другите, како најризична група.

Целта е да создаде т.н. „колективен имунитет“, и покрај ризикот од ширење на вирусот кај се поголем број граѓани, кои според владината стратегија треба подоцна да станат имуни на КОВИД 19. Ваквите мерки засега не ги плашат нашинците во Шведска и тамошните граѓани, вели за Канал 5, Петар Момироски кој 8 години живее и работи во Еслов, град во близина на Малме.

И додека Шведска ги очекува долгорочните ефекти од контроверзниот пристап, веста на денот дојде од кралското семејство кое соопшти дека принцот Чарлс е позитивен на корона вирус.

Од британската кралска резиденција „Кларенс Хаус“ во Лондон изјавија дека принцот има благи симптоми на болеста, „но останува во добра здравствена состојба“. Војвотката од Корнвол била тестирана на коронавирус, но нејзиниот резултат бил негативен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 

Најдобрите филмови и серии за патување кои треба да се погледнат во моментов

7 начини како да патувате без напуштање на домот

Како е да живееш во карантин во Италија? Тројца италијани споделуваат приказни.

Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.