24.05.2021
Побегнете во оваа вила на 1400 мнв и изолирана со борова шума
Побегнете во оваа вила на 1400 мнв и изолирана со борова шума
Дечки, ни доаѓа лето! Пандемијата ја губи битката, бројот на
вакцинирани расте, а со тоа ни се најавува една добра летна сезона. Дел од македонските
туристи одморот ќе го поминат покрај вода, а дел ќе побегнат на планина. Ние ги
оправдуваме и едните и другите, бидејќи секој заслужува да патува на начин на
кој ужива. За престојната сезона, јасно ни е само едно, а тоа е фактот дека никој не би посакал
да остане во градот за време на летните горештини. 
Тимот на Кајак.мк активно ја ажурира базата на приватни
сместувања во која има преку 160 сместувања, а кои можат да ви понудат бегство флексибилно според вашите можности.
Побегнете на
планина, а од планина резервирајте престој покрај езеро, за од таму да појдете
на неколку дена на море. Целта на Кајак.мк е да ви овозможи да направите
комбинација од авантуристички патувања со посета на повеќе дестинации.
Една од тие
дестинации која ние ви ја препорачуваме за престојното лето е „Калин Камен“.
Денеска
разговараме со домаќинот Константин Стојановски, чија вила се наоѓа недалеку од
Калин Камен и од манастирот Јоаким Осоговски.
Вилата на Константин е идеална за луѓето кои бараат планина,
чист воздух, мир и тишина. Таа е опколена
со густа борова шума и без никој во блиското соседство.
Константин
вели дека резервации добива од луѓе работат напортно и постојано се изложени на
сонце. Луѓето кои пак работат онлајн,
се одлучувале да ја “преселат“ својата канцеларија на планина, макар и на едена
седмица.
Вилата е идеална во текот на цела година. Во зима има
прекрасна снежна идила, а преку лето нуди можности за шетање низ шумата, посета на Станечките водопади и
езерото кое не недалеку од сместувањето.
Ова езеро се наоѓа на 1400 метри надморска височина и е
одлично за фамилијарни излети. 
Во непосредна близина на вилата се наоѓа детски парк,
спортски игралишта, ловечка куќичка, букова шума, прекрасни ливади и една
голема карпа која месното население ја нарекува Калин Камен. Токму таа карпа е
причината заради која илјадници туристи пешачат цели 4 часа.
Константин е
домаќин кој им стои на располагање на сите гости кои се заинтересирани за
регионот. Тој вели дека до неговата вила се престигнува со автомобил, а доколку
им треба на гостите повеќе информации за регионот ќе ги добијат лично од него.
Доколку сакате да погледнете повеќе информации за вилата,
фотографии и да стапите во контакт со Костантин, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.