24.05.2022

Уникатно бунгалово со фантастичен поглед кон езерското зајдисонце

Уникатно бунгалово со фантастичен поглед кон езерското зајдисонце

Наскоро ќе заокружиме 300 уникатни сместувања во базата на Кајак.мк, а меѓу нив е и ова уникатно бунгалово стационирано во село Шипокно.

Домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека ова е доста романтично скривалиште за вљубениците на добрите езерски зајдисонца.


Бунгаловото има тераса каде може да уживате во својата приватност. Внатрешноста е уникатно скоцкана што ќе ви даде чувство дека се наоѓате на планина.


Оние патувачи кои ќе се одлучат да престојуваат овде, треба да знаат дека имаат одлична прилика да го истражат селото Шипокно, кое изобилува со стари градби.


Повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, можете да добиете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Планинска дрвена викендица во која секој би сакал да престојува

Уникатните сместувања кои ги има во Македонија можете да ги најдете на платформата на Кајак.мк.

Охрид ја има најуникатната вила во бохо стил

Нашиот тим денеска ве води во Охрид, односно во населбата Рача, каде своите врати за светот на Кајак.мк ги отворија нашите нови млади домаќини за кои можеме да речеме дека го чествуваат новиот концепт на турзам кој ќе се развива во блиска иднина.

Велешанецот Давор е еден од ретките пирографичари во регионот

Давор потекнува од Велес и љубовта кон уметноста ја негува уште од детските години. Во историјата на неговото семејство се среќаваат занаетчиството и уметноста во различни облици – од изработка на мебел и предмети од дрво до копаничарство.

Престојувајте во мала семејна винарија во село Пепелиште

Винарија Максимилијан со можност за ноќевање. Нови апартмани отворени во склоп на винаријата.

Во Македонија се наоѓа „Рајот на земјата“ за кој малкумина слушнале

За оние коишто не се љубители на приватни места, места каде спокојот е приоритет и каде природата ќе биде 99% од вашето секојдневие за време на престојот, може слободно да ја исклучат страницата.

Изолирана вила со базен во село Орашец идеална за уживање

Околината на вилата е исполнета со зеленило, брда, чист воздух, а локацијата нуди и прекрасно зајдисонце.