03.05.2023
Ја лансиравме првата јаболкова ракија во Македонија со бандерола
Ја лансиравме првата јаболкова ракија во Македонија со бандерола
Платформата
Кајак.мк добива уште една доста значајна приказна кога станува збор за
уникатните нешта кои се произведуваат во Македонија, а служат како
амбасадори-промотори на Македонија насекаде во светот.
Денеска нашиот тим ќе ви ја раскаже приказната на господинот Златко, човекот кој стои зад брендот „Никан Дестилерија“ или првата дестилерија која лансира јаболкова ракија во Македонија со бандерола.

Дестилеријата е регистрирана
изминатата есен 2022-ра година кога Златко заедно со неговото семејство одлучуваат
да ја запечатат идејата која ја имале скоро 20 години.
Нивната семејна овоштарска традиција грее скоро 8 децении, а семејната традицијата на печење ракија била главната причина која ги поттикнала да регистрираат мала семејна дестилерија.

Причината на
самата регистрација на дестилеријата е да придонесат во зголемувањето на
ракијарската култура во Струга, вели Златко кој додава дека со ваквиот чин ќе
им докажат на луѓето дека здравото и зрело овошје може да биде преточено во капка
префинет пијалак.
Ракијата ја произведуваат од сопствени овошни насади кои се лоцирани во срцето на плодното струшко поле во атарот на село Мислешево, Струга.

Водејќи се од мотото „Она кое не го ставаш во уста не ставај го во буре“ им дава поттик да продолжат со квалитетното производство.

Златко е горд на
фактот дека ја лансирале првата јаболкова ракија во Македонија со бандерола, а
за мошне брзо време очекуваат да излезат со ракија со слива и круша. Нагласува
дека секоја ракија е двојно дестилирана, што значи дека се отстранети сите дополнителни
и штетни алкохоли, што придонесува за чист етил алкохол со префинети ароми и
својства.
Контакт број од „Дестилерија
Никан“ можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.