Никан Дестилерија: Село Мислешево

Каде во Струга?

Ракијата ја произведуваат од сопствени овошни насади кои се лоцирани во срцето на плодното струшко поле во атарот на село Мислешево, Струга.

Дестилеријата е регистрирана изминатата есен 2022-ра година кога Златко заедно со неговото семејство одлучуваат да ја запечатат идејата која ја имале скоро 20 години.

Нивната семејна овоштарска традиција грее скоро 8 децении, а семејната традицијата на печење ракија била главната причина која ги поттикнала да регистрираат мала семејна дестилерија.

Причината на самата регистрација на дестилеријата е да придонесат во зголемувањето на ракијарската култура во Струга, вели Златко кој додава дека со ваквиот чин ќе им докажат на луѓето дека здравото и зрело овошје може да биде преточено во капка префинет пијалак.

Ракијата ја произведуваат од сопствени овошни насади кои се лоцирани во срцето на плодното струшко поле во атарот на село Мислешево, Струга.

Водејќи се од мотото „Она кое не го ставаш во уста не ставај го во буре“ им дава поттик да продолжат со квалитетното производство.

Златко е горд на фактот дека ја лансирале првата јаболкова ракија во Македонија со бандерола, а за мошне брзо време очекуваат да излезат со ракија со слива и круша. Нагласува дека секоја ракија е двојно дестилирана, што значи дека се отстранети сите дополнителни и штетни алкохоли, што придонесува за чист етил алкохол со префинети ароми и својства.

Нарачки со еден клик ОВДЕ.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар