21.02.2024
Во Демир Капија може да ноќевате на карпа на 100 метри височина
Во Демир Капија може да ноќевате на карпа на 100 метри височина
На само 110 километри од Скопје ќе пристигнете во Демир Капија,
една од омилените дестинации на Кајак.мк која има огромен потенцијал за развој
на активниот туризам.
Во Демир Капија ќе запознаете многу локални херои кои вложуваат во развојот на туризмот и ја промовираат оваа дестинација како идеална станица за исполнување на слободното време на секој турист.

Во моментот кога ќе речете дека ги знаете сите туристички понуди кои ги нуди Македонија, доаѓате до сознание дека секогаш има нешто ново кое може да го искусите на домашен терен.

Денеска, сакаме да ве запознаеме со можноста за ноќевање на
портали прикачени на карпите на демиркаписката клисура. Тим од експерти и алпинисти
со 30 годишно искуство ги поставуваат ваквите портали на 100 метри висина, им
организираат сѐ што е потребно на гостите, им обезбедуваат храна, безалкохолни
пијалоци и целосен надзор додека гостите го поминуваат времето „во облаците“.
Тимот на Кајак.мк е среќен што ќе ве запознае со Дарио, човекот со кого ќе ги организираме сите наши идни тури во искачување на карпи, тури за почетници, едукативни тури и тури за забава.

Дарио е долгогодишен водич и професионален алпинист со 30
годишно искуство. За Кајак.мк вели дека за да се остане верен на професијата,
треба таа да ви биде дел од вашиот начинот на живеење.
Тој, заедно со свој тим професионални алпинисти- инструктори по искачување по карпи, организира редовни тури во демиркаписката клисура.

Дарио вели дека „Rock Climbing Macedonia“ нуди неколку тури за искачување, од лица кои немаат никогаш стапнато на карпа, па се до професионални искачувачи. Од денеска во базата на Кајак.мк можете да ги најдете и резервирате турите за почетници и турите кои се наменети за лица без искуство кои сакаат полудневна забавна авантура. Турите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Програмата за качување по карпи за почетници е наменета за поединци кои немаат или имаат мало искуство во качување на карпи на отворено. Целта на ваквите искачувања е да се научат основните вештини кои му се потребни на едно лице да се чувствува удобно во моментот кога се качува по карпи, а за тоа да се постигне, како што вели Дарио, потребно е добар тим професионални аплинисти кои ќе бидат постојано до него. Преку овие тури ќе се научат вештините за правилно искачување, одлучност и истрајност.

Искачувањето по карпи е сериозна работа, но за оние кои немаат искуство и не се физички активни, а сепак ја имаат желбата да искусат една ваква авантура, Дарио вели дека на располагање е полудневна програма наменета за луѓе кои никогаш порано не доживееле качување на карпи на отворено, бидејќи според него, Демир Капија ја има предлоста во одличната поставеност на карпите кои им овозможуваат на лица од 2 до 72 години да стапнат на нив.

Повеќе информации за турите за искачување на карпи за лица
кои немаат искуство можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Покрај еднодневните тури кои се нудат во Демир Капија, можете
да одберете ноќевање на портал прикачен на карпа и да останете цела ноќ на 100
метри височина.
Ваквата авантура трае од 12 до 16 часа, со претходни подготовки, но најважно од сѐ е, како што вели Дарио, доколку не сакате да останете на порталот, тимот кој е во постојана комуникација со вас и ќе ви овозможи брзо симнување на земјата.

На прашањето, дали е потребно претходно искуство? За ваквите
ноќевања не е потребно, бидејќи логистиката, координацијата, контролирањето и ноќниот
надзор го вршат професионални лица кои се одговорни за вашиот престој, онаму
горе.
Ваквата специјална програма или понуда, нуди врвно искуство за преноќување на карпа, што ќе ви го долови начинот на живеење на алпинистите и стручните алпинисти, но на многу повозбудлив и полуксузен начин.

Самиот тим подготвува сè за вас и ве води низ секој чекор.
Ваша задача е да уживате во совршените погледи, да го почувствувате адреналинот
и да го поминете времето од вашиот живот на еден доста уникатен начин.
Програмата започнува со тоа што тимот ви врши детална подготовка на терен. Ви ги соопштуваат сите потребни инструкции и ве запознаваат со основната опрема како појасите за качување, шлем, јажиња, обувки и друго. Потоа заедно со стручниот тим кој ќе биде одговорен за вашето ноќевање се упатувате кон карпата/локацијата на која ќе ја поминете ноќта. Искачувањето се прави на релативно лесна рута со фиксни јажиња, во водство и со помош на тимот инструктори. Откако ќе се поставите на порталот и ќе ви се направи удобност, ќе ви бидат соопштени сите инструкции за начинот на кој треба да ги исконтактирате инструкторите доколку сакате да ве симнат на површина.

Пред да ве препуштат во адреналинското приватно уживање, вие
ќе добиете убава вечера и безалкохолен пијалок по ваш избор. Оттука може да
започне вашата нова животна авантура.
Но, не грижете се! Вашите водичи ќе останат на земјата во
текот на цела ноќ, ќе ви обезбедат токен на кој ќе можете да контактирате со
нив во секое време и за секакви прашања, како и за помош или евакуација од
карпата во секое време.
За оние кои ќе ги дочекат утрата, а како што вели Дарио скоро сите го дочекуваат утрото наспани, водичите ќе се вратат за да ве симнат безбедно на земјата.

За да биде ваквата авантура романтична, порталите на кои можете да престојувате се двојни и наменети за две лица, што значи дека овде можете да уживате со уште една ваша блиска личност. Ова ви дава фантастична можност да го споделите ова врвно искуство со вашите најблиски, членовите на семејството или пријателите.

Исто така, доколку се чувствувате подготвени за ваква авантура, но не сакате да бидете сами, секогаш постои можност некој од водичите да ви прави друштво во текот на ноќта. Вреќи за спиење, мали перници и се што е потребно за пријатен престој на порталот, ви се обезбедува од самиот тим.
За тоа кој период е најдобар за уживање, имајте предвид дека тоа се месеците од мај до октомври. Доколку сакате да испратите барање за резервација на вакво искуство или пак потребни ви се повеќе информации, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово
Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.
Новата година кај локален домаќин: зошто сѐ повеќе патници го избираат ова искуство
Дознајте како локалните домаќини во Македонија ја доживуваат Новата година и зошто престојот кај нив нуди поавтентично, мирно и незаборавно празнично искуство.
Нова година далеку од градската врева
Сè повеќе луѓе ја избираат Новата година надвор од градската бучава. Мир, тишина и простор за вистински почеток на годината.
Подготвивме 75 новогодишни пакетчиња на предновогодишен тим билдинг
Наместо класични предновогодишни прослави, Кајак.мк ви предлага општествено одговорни собиранки.
Од љубов кон празниците до сопствен бренд – мојата приказна со Sparkle.mk
Запознајте ја Пепика Јаневска, креаторката зад Sparkle.mk, која преку рачно изработени празнични украси и свеќи носи магија и радост во домот.
Купив неколку овци и се преселив на село: Така започна мојата приказна
Со години наназад тимот на Кајак.мк ги раскажува сите уникатни приказни за локалните херои во Македонија, кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.