11.06.2021
Моето прво бакарно дело „Винова лоза“ ми ги отвори хоризонтите
Моето прво бакарно дело „Винова лоза“ ми ги отвори хоризонтите
Убава и скромна приказна ни раскажува Данче Наумоска, жената која од денеска е дел од нашата листа херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот во Македонија.

Данче живее и
твори во Охрид, градот Ерусалим на Балканот. Скоро 20 години се занимава со
изработка на накит и украсни дела од бакар, занает кој го наследила од
нејзиниот татко.
За себе вели дека не е човек кој сака да користи многу зборови кога треба да се опише себе, туку остава делата да зборуваат за неа. Нејзиниот став е дека кога човек создава нешто значајно, остава тоа дело да сведочи за неговиот идентитет, потекло и традиција, бидејќи таквата скромност е одлика на големите луѓе.

Незините почетоци во ова професија датираат уште многу одамна. Љубовта кон создавањето на бакарни производи и ја пренесува нејзиниот татко додека уште како мала ја посетува неговата работилница. Данче се сеќава дека во тоа време најмногу ја привлекувале боите на бакарот при неговата хемиска реакција- оксидација, а се сеќава и на нејзините почетоци пред 20 години кога со чеканче во рака, неколку алати од нејзиниот татко и едно парче бакар го изработува нејзиното прво дело „Винова лоза“ со намера да го украси домот. Од тогаш па до денес, трпеливо и посветено ја испишува нејзината животна приказна, наречена „Бакарна Бајка“.

„Работата е мое
задоволство. Ова е креативна работа која мене лично ме исполнува и ме прави среќна и задоволна“, вели Данче.
Таа додава дека работата со бакарот и ја отстранува негативната енергија и ја исполнува душата. Во работилницата има тивка музика која и пружи комплетно задоволство и мотивација да создаде нешто ново.
Изработките се нејзиниот авторитет и најголема инспирација, а како слаба страна ги истакнува оние неоткриени нешта, кон кои е во постојано трагање.

Данче ни раскажува дека Римјаните од 6ти до 3ти век п.н.е.користеле бакарни грутки како пари, а потоа се лиеле бакарни пари. Во Македонија во дамнешно време во домаќинството најмногу се користеле бакарни садови, а за свадби се подарувало бакарни тепсии кои биле највреден подарок. Ова е нешто кое таа сака да го продолжи, а со тоа и да ја зачува традицијата на македонскиот народ.

Данче имала
многу клиенти кои имале разни желби
и очекувања од неа за да се изработат некои конкретни дела кои тие ги барале од
неа. Постојано добивала
коментари дека тоа што таа го работи е совешено добро и дека тоа се безвременски
дела кои заслужуваат почит.
Најголема поддршка добива од нејзините синови, а исто така и од сопругот кој секогаш и е десна рака околу монтажните работи.
Нејзините дела може да ги погледнете на инстаграм профилот со еден клик ОВДЕ.
Фејсбук профилот со нејзините креации може да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.
10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее
Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.
Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови
Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.
Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации
Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.