07.03.2022
Од 82 година го одржуваме духот на нашата гостилница
Од 82 година го одржуваме духот на нашата гостилница
Гастрономските приказни кои Кајак започна да ги раскажува, го зголемија апетитот кај патувачите да патуваат почесто и да откриваат нови места кои во себе чуваат приказна што вреди да се слушне.

Таква уникатна приказна има „Шапе“. За некои од вас поимот „Шапе“ е веќе доста добро познат, а за оние коишто првпат се среќаваат, драго ни е што ќе Ве запознаеме со уште еден угостителски објект кој вреди да го посетите.

Позади приказната на гостилница „Шапе“ стои Жан Шапе. Човекот кој низ годините ја добил сета поддршка од своето семејство и својата фамилија. Гостилница која опстанала во живот од 1982 година, а која има поминато низ многу добри и лоши периоди, криза од пандемијата и уште што не.

Жан вели дека приказната „Шапе“ се родила во Крушево и преставува бизнис кој го започнал неговиот татко. За Кајак раскажува дека татко му добил огромна поддршка од неговата сопруга и неговата мајка која во тоа време веќе била кувар во пензија.

Големата желба на неговиот татко за отворање на кафеана била пресудна за да започнат со градење на една угостителска приказна. Најпрво била отворена гостилницата во Крушевксата чаршија која се уште е во функција, а покрај објектот во чашријата, денеска имаат уште еден прекрасен угостителски објект во планински стил кој се наоѓа на ски терените, а кој е опкружен со прекрасна природа и нуди прекрасен поглед.

Жан вели дека за да се опстане во тоа што се работи, не е важно само изгледот на објектот, туку и тоа што се нуди. Во неговиот случај храната е на прво место, а исто така и гостопримливоста.

Денеска „Шапе“ познато по колбасите кои ги подготвуваат на традиционален
крушевски начин, каре-ќебапите, комитската плескавица, крушевското грне „Шапе“,
салатата „Ала Шапе“ и ред други специјалитети.
Жан додава дека посебна карактеристика на нивната храна е тоа што се подготвува со природни зачини, а кои на редовните гости им се веќе доста добро познати.
Името Шапе е надимак на дедото на Жан. Со тек на време „Шапе“ прераснува во заштитно име на цела фамилија. Дедо му бил познат по неговиот шешир, бастун и гирара кои и ден денес се изложени во гостилницата.
Повеќе информации, контакт за резервација и фотографии можете да најдете во нашата база на „Гастрономија“ или со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.