18.04.2020

Италијанците не се подготвени да се вратат во „нормален живот“

Италијанците не се подготвени да се вратат во „нормален живот“

Истражувањата покажаа дека повеќето Италијанци не се подготвени да се вратат во “нормалниот живот”, пишува galama.club

Дилемата на многумина е дали прогласувањето на крајот на епидемијата од корона вирусот во земјите автоматски ќе значи враќање на стариот начин на живеење, иако веќе сега е јасно дека земјите планираат попуштање на мерките, но и дека некои од мерките и препораките секако ќе го обележат нашиот живот уште долго после “победата” над корона вирусот, а секако – до пронаоѓање на вакцината.

Па така, истражувањето кое го спроведе гурпа професионалци и културни организации во Италија, во пресрет на “фазата 2”, како што се дефинира постепеното отворање на земјата, покажа дека 48% од граѓаните се подготвени веднаш после службеното прогласување за престанок на вонредната состојба, да продолжат со вообичаените социјални и културни активности.

Поголемата “половина” е со резерва и страв – на прашањето кога би биле подготвени да се вратат на вообичаените активности, околу 41% од испитаниците одговориле дека би причекале еден месец до два, а само 2% би се вратиле дури после една година.

Дури и после престанокот на пандемијата, 43% од испитаниците изјавиле дека ќе одбегнуваат концерти, а 47% дека нема да одат во клубови.

Ова беше многу тешка година за Италија, па се поставува прашањето: Дали Италија може да се прости од туризмот во 2020 година?

Неславното трето место во светот по бројот на заразени со корона вирусот, веднаш зад Соединетите Американски Држави и Шпанија, го држи Италија.

Може да се прочитаат разни стручни и помалку стручни мислења зошто е тоа така. Едни сметаат дека Владата на оваа земја задоцни со примена на мерките. Други сметаат дека сепак луѓето од одредени италијански покраини се главните виновници, бидејќи се однесувале ноншалантно и неодговорно, сметајќи дека нив нема ништо да им се случи.

За што и да станува збор, билансот на жртвите е загрижувачки. Кон крајот на минатата седмица беа забележани повеќе од 150 илјади заразени граѓани на Италија. Животот го загубија нешто повеќе од 19 илјади, а излекувани од инфекцијата предизвикана од корона вирусот има околу 3.500. Бројките сами за себе говорат и не би требало да се коментираат.

Меѓутоа, се почесто може да се слушне прашањето кое е поврзано за економскиот аспект. Иако Владата на Италија воведе економски мерки, за да можат граѓаните полесно да ја поднесат целокупната ситуација, се чини дека последиците се несогледиви од тој аспект.

Туризмот во Италија во периодот пред корона вирусот: Една од најбрзо растечките индустриски гранки во целата земја, последниве децении беше туризмот.

Благодарение на многу атрактивните дестинации, Италија бележи посети од преку 40 милиони туристи од целиот свет на годишно ниво. А приходите од туризмот се мереа во милијарди долари. Благодарение на овие податоци, Италија се најде во групата земји кои најмногу заработуваат од туризмот.

(Читаj повеќе подоцна: Сликите кои покажуваат како коронавирусот ги промени каналите во Венеција)

Освен многубројните летувалишта кои станаа омилена дестинација не само на нашите туристи, туку и на луѓето од целиот свет, атрактивните дестинации во Италија беа Рим, Венеција, Трст, Падова, Милано, Фиренца и други градови. Се чини дека секој град си има некоја своја, за туристите посебно интересна приказна.

Но, она што најмногу ги воодушевуваше луѓето кои ги посетуваа италијанските дестинации, беа мештаните. Тие се срдечни, весели и секогаш добро расположени за дружење.

Како сето тоа ќе изгледа во иднина, не знаеме, бидејќи се повеќе можеме да прочитаме дека животот после Ковид 19 нема да биде ист како порано. Во која смисла точно се мисли, тоа уште не е најјасно.

Летување во Италија после пандемијата – да или не? На љубопитните не е возможно да им се одговори на ова прашање, бидејќи сè уште не постојат официјални информации за тоа кога ќе заврши пандемијата со корона вирусот, односно, кога животот на граѓаните од Италија или било која друга земја ќе се врати во нормала.

И покрај тоа, многумина кои себеси се сметаат за стручни, се одважија да изнесат свои проценки за тоа дали би требало оваа година да одиме на летување или не.

(Читај повеќе подоцна: 20 карантински форографии од празна Италија!)


Како и во останатите случаи, така и овде има доста различни мислења, иако сепак преовладува ставот дека треба сите да се воздржат и евентуално да се размисли за патување дури на есен.

Не ни преостанува ништо друго, отколку да бидеме трпеливи и да почекаме да видиме како ќе се одвива целокупната ситуација на глобално ниво. Ако сè биде како што треба, најмал проблем е да ги спакуваме своите куфери и да се упатиме во оваа преубава земја.

Извор: https://galama.club
Cover photo: Daniil Vnoutchkov

МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Поради коронавирусот, топ туристичките дестинации во светот се празни!


Како изгледа еден ден во карантин за 100 долари на AirBnB!


20 интересни факти за патувањето што ќе ве натерат да гледате на светот- поинаку


COVID-19 ја уништи нашата свадба на брод на Босфор во Истанбул


Имавте резеревирано лет, а не бевте во можност да патувате?


Низ фотографии: Како изгледат големите градови во светот за време на корона!

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.

Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови

Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.

Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации

Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.

Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина

Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.